Хокеј на мраз турнир во Скопје

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По повод одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, од среда до недела ќе се одржат повеќе спортски манифестации под мотото „Со срце за Скопје”.

Организатор на настаните ќе биде Спортскиот центар Борис Трајковски.

– За среда е закажан првиот турнир во хокеј на мраз каде учество ќе земат две руски екипи, ХК Белкамнефт од Ижевск и СССР од Москва, а од Германија гости ќе бидат Кајзерслаутерн Еаглс. Овој турнир ќе трае четири дена, а се организира со цел популаризација и омасовување на хокејот како спорт кој нема голема традиција во Македонија. На турнирот учество ќе земе и хокеарскиот клуб Вардар СЦБТ, истакна директорот на СЦБТ, Ратко Капушевски.

Тој очекува школата за хокеј која работи во рамки на центарот успешно да функционира.

– Во изминатите неколку години успеавме да создадеме база на млади дечиња во кој има потенцијал за развој. Ќе треба макотрпна работа уште 4-10 години за да се размислува на професионализам, а очекувам федерацијата повеќе да се ангажира, да наоѓа спонзори и да создава клубови кои ќе не претставуваат во релевантни лиги од интернационалната хокеј федерација. Ние ја поставивме инфраструктурата по стандарди за развој на овој спорт, од наш домен беше и пласманот на квалитетна школа каде ќе се развиваат децата, рече Капушевски.

Распоред на натпреварите (ажуриран)

Четврток 14.11.2013

16:30 – 17:00 часот – свечено отворање на натпреварите на турнирот по хокеј на мраз за аматери куп
17:00 – 19:00 часот – ХК „Белкамнефт” (Ижевск, Русија) – ХК „Kaiserslautern Eagles” (Кајзерслаутерн, Германија)

Петок 15.11.2013

14:00 – 15:00 часот ХК „Белкамнефт” (Ижевск, Русија) – ХК „СССР” (Москва, Русија)
17:00 – 19:00 часот – ХК „СССР” (Москва, Русија) – ХК „Kaiserslautern Eagles” (Кајзерслаутерн, Германија)
20:00 – 21:00 часот ХК „Вардар” (Скопје, Македонија) – ХК „Kaiserslautern Eagles” (Кајзерслаутерн, Германија)
23:00 – 00:00 часот – ХК „Вардар” (Скопје, Македонија) – ХК „СССР” (Москва, Русија)

Сабота 16.11.2013

09:00 – 10:00 часот – ХК „Вардар” (Скопје, Македонија) – ХК „Белкамнефт” (Ижевск, Русија)
Свечено затворање на турнирот

Автор

Дејан

Скопје

Македонија