Гладни за спорт? Menitoo Street Basket турнир

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Гладни за спорт?
Менитоо организира еднодневен Menitoo Street Basket турнир во кој што освен што ќе се игра баскет, денот ќе биде исполнет со музичка програма, храна и пијалоци, друштвени игри за сите посетители и многу награди за натпреварувачите. Еден ден со многу дружење и промоција на вашата компанија на еден поинаков настан од секојдневните.

КОГА, КАДЕ и КАКО?

Датум на одржување: Сабота 19.09.2015

Место на одржување: Спортски центар ФОРЦА Адреса: бул. Илинден – Гимназија Орце Николов

Број на тимови кои ќе учествуваат: 36

Загарантиран број на мечеви кој што еден тим ќе одигра: 5

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА? Сите, без ограничувања.

БРОЈ НА ИГРАЧИ? Секој тим брои четири (4) играчи. Играчите наведени во формуларот за време на пријавување се единствените играчи кои можат да играат во тој тим. Замената на играчи може да се изврши на самиот почеток од турнирот. Еден играч нема да може да игра за повеќе тимови, во спротивно играчот ќе биде исфрлен од игра. Секоја игра може да се започне со доволен број на играчи односно по 3 играчи од тим. Во случај некој од играчите да игра во повеќе тимови, тогаш на тој играч ќе нема да му биде дозволено да продолжи со учество во турнирот.

ДРЕС КОД? Секој тим си носи свои маички со логото на фирмата. Во спротивно играчите ќе играат во сини или портокалови Менитоо маички.

ПРАВИЛА ЗА ИГРА Еден кош се вреднува како еден (1) поен. Koш зад линијата за три поени се вреднува со два (2) поени. Сите натпревари ќе се играат до 16 поени (или 12 мин). Времето за загревање е 3 минути. На почетокот на секоја игра ќе се фрла паричка за да се одреди кој тим ќе ја има топката за отварање на играта. На секој тим ќе им бидат доделени пет (5) фаули. После 5тиот фаул противничката екипа ќе изведува слободни фрлања.

РАЗМЕНА НА ТОПКАТА Топката се разменува по секој постигнат кош и сите слободни фрлања, со исклучок на технички или намерни фаули.

ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ Секој тим ке добие распоред на натпревари и треба да биде подготвен за игра во определеното време. Тимовите кои ќе задоцнат повеќе од 10 минути го губат мечот.

СУДИИ Ние ќе обезбедиме судија на секој меч за да се обезбеди безбедна и фер игра.

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија