Бизнис Фудбалска Лига на Македонија 2013/2014

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

17:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 14.10.2013 (понеделник) со почеток во 19:30 во малата сала на Спортскиот центар „Борис Трајковски” ќе биде официјалниот старт на новата сезона на Бизнис Лигата на Македонија. По четврти пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да се забавуваат, рекреираат, да си ги одмерат силите во мал фудбал и да остварат нови бизнис контакти.

„Бизнис Лигата претставува сублимат од организациското искуство на Филип Николовски и спортското искуство на Младен Ѓуроски. Бизнис Лигата е пред се’ од забавен карактер и одличен проект. Спортскиот центар Борис Трајковски е и ќе остане верен пријател и поддржувач на Бизнис Лигата на Македонија – истакна директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски” – Ратко Капушевски.

„Тука сме пред се’ за забава, дружење и склопување на нови бизнис контакти. Резултатот во ова натпреварување е на второ место, а на прво место како и секогаш е забавата. Ви посакувам на сите успешна сезона и нека победи подобриот” – изјави проект менаџерот на Бизнис Лигата на Македонија – Младен Ѓуроски.

Оваа година ќе има мали измени во правилата на игра со цел да се заштитат играчите.

„Воведовме две нови правила од кои очекуваме да се игра почист фудбал. Фер плејот нека биде мотото на ова натпреварување, ветуваме дека правдата ќе ја делиме подеднакво за сите екипи” – изјави претставникот на судиите на Бизнис Лигата – Симе Стевков.

Во следните осум месеци, осумнаесет екипи ќе се борат да остварат што е можно подобар пласман на табелата, да влезат во најдобрите осум и во елиминационото коло да го освојат шампионатот.

Бизнис Лигата веќе четири години важи за најголемото спортско случување меѓу бизнис елитата.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија