Жариме во Пожаране (Vol.2)

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарско – Велосипедски Хепенинг
„Да поШАРаме до Пожаране” .
-18 Септември 2016 год-

Во организација и на покана на нашите вредни и домаќини од Месна Заедница-Пожаране во соработка со ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА, Планинарско Друштво Трансверзалец , ВЕЛОЕВРОПА од Скопје и со ПСК Бистра од Гостивар ве водат на Шар планина – да ги откриеме убавините на прекрасните и недопрени убавини во околината на с. Пожаране – недопирливите врвови Голема и Мала Враца со прекрасното Сребрено (Горно Врачанско) Езеро до кои нема обележана патека, најголемата костенова шума во Европа, сокаците по кои ашикувале од љубов Благуно дејче Пожаранче и дејгиди Аце аџамија 😀

Ви нудиме избор на планинарска или велосипедска рута според вашите можности и желби:

Рута 1 Планинарење. Искачување на врвовите Голема Враца (2582мнв) и Мала Враца(2.452мнв). Планинарска патека започува од водостанот Маздрача (1.320м). Искачувањето стартува во 8.30ч, искачувањето е 5 додека слегувањето е 4 ч.
До водостанот Маздрача (1.320м) се пристигнува преку с. Пожаране по 10 км макадам пат. Од Гостивар се врти пред с. Топлица додека од Тетово се стигнува преку с. Неготино.

Рута 2 Планинарење. Планинарска патека во околината на с. Пожаране (900мнв). Предвидено пешачење од с.Пожаране до археолошко наогалиште Долна локва. Предвидено е пешачење од 3 часа по лесна патека која изобилува со костени.

Рута 3 Велосипедизам. Старт во 8.30ч од планинарски Дом Смрека на Попова Шапка(1800мнв). Рутата е на релација Попова Шапка – Шарски води – с.Пожаране (900мнв) со должина од околу 55км со 300м висинска разлика искачување и 1200м во слегување, активно се вози околу 6 часа.
Постои можност за ноќевање во Планинарски дом Смрека на Попова Шапка за оние кои сакаат да пристигнат од Сабота 17.09.2016. Спиење во планинарскиот дом е 250 ден.

Рута 4 Велосипедизам. Старт во 8.30ч од Центар на Гостивар. Рутата е на релација Гостивар (510мнв) – с. Долно Јаловце (1.050мнв) – Шарски води – с. Пожаране (900мнв) со должина од околу 35км со 600м искачување и 300м слегување, активно се вози околу 6 часа.

Музичка забава и пикник со прочуеното тавче гравче од с.Пожаране.
од 16 до 19 час. Локација – дворот на селската задруга

Можност за кампување со шатори во Пожаране за оние кои ќе сакаат да дојдат ден порано во сабота (во прилог слики од местата за поставување шатори).

Организиран Превоз од Скопје до сите дестинации. Поаѓање на 18.09.2016 во 6 ч. од Скопје – паркингот пред пошта 2 железничка станица.

ПРЕВОЗ: 600 денари го опфаќа превозот кој вклучува:

ВЕЛОСИПЕДИСТИ: човек во автобус и точак во камион до Попова Шапка за одење и од с.Топлица за враќање кон Скопје. Истата цена е предвидена за оние кои сакаат да ја возат турата од Гостивар (човек во автобус и точак во камион) – 600 ДЕНАРИ

ПЛАНИНАРИ: комбе кое ќе обезбеди одење и враќање од водостан и караула на реката Маздрача (300 м.) (до таму има 7-8 км. макадам пат) – 600 ДЕНАРИ

Уплата може да се изврши во просториите на планинарското друштво и на Жиро сметка 300000000307817 Комерцијална Банка АД Скопје.

Пријавување и уплата од 01.09.2016 до 16.09.2016г.

Информации и контакт:

Марио Шаревски 071 / 216 066
Зоран Костадинов 070/ 641 998

Напомена:
Секој учесник зена учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.

Организаторите го задржуваат правото да вршат измени во планот и програмата поради објективни и безбедносни причини.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија