Западна македонска трансверзала

Датум на почеток:

07.04.2014

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Патеката е со должина од околу 170-180 километри и минува низ цела Западна Македонија – следејќи го масивот на Шар Планина, Рудика, Враца, Бистра, Стогово и Караорман. Карактеристика на првата половина на патеката е големата надморска височина – најниската точка е 2100 m, се оди најчесто по сртот на Шар Планина и се минува покрај 5 планински езера.

Оваа област обилува со разноликост на растителниот и животинскиот свет е освен присуство на стада овци во летните месеци – е недопрена и ретко посетена природа. Се оди по највисокиот дел од планината и ретко се наидува на вода. Четир дена се оди далеку од цивилизација и во ранците треба да се носи храна и облека за тие денови, плус опремата за кампирање : шатор, вреќа за спиење, подметач.

Трансверзалата е замислена да се минува во одеднаш или на етапи. Има 8 контролни точки кои се задолжителни да се поминат и за нив треба да се приложи доказ – фотографија. Во секој случај треба да се внимава многу бидејќи и во летни услови времето може нагло да се промени и да залади или да се појави силен ветар, а особена опасност претставува спуштањето на густа магла при што ориентацијата е екстремно тешка. Исто така сите учесници треба да се со одлично здравје и одлична физичка подготвеност.

Контролни точки :

КТ1 – Љуботен (2498 m)
КТ2 – Пирибег (2522 m)
КТ3 – Бистрица – “ЕЛЕМА” (2640 m)
КТ4 – Титов Врв (2747 m)
KT5 – Лера (2197 m)
КТ6 – Меденица (2163 m)
KT7 – Лазарополе (1330 m)
КТ8 – Бабин Срт (2242 m)


Ден 0
Се пристигнува до пл.дом “Љуботен” – обично од Горно Село – по маркирана планинска патека – може и со теренско возило. Трансверзалата започнува од домот “Љуботен”.

Ден 1
пл. дом “Љуботен” – Козја Стена – седло под Љуботен (има изворче со вода) – врв Љуботен 2498 m (КТ1) – Ливадица – Пирибег (Куќиногледски врв) 2522 m (КТ2) – Езерска Чука. Се прави логор кај планинските езерца.

Ден 2
Езерска Чука – Бистрица 2640 m (КТ3) – Црн Врв – Кобилица 2526 m. – Караниколичко езеро. Извор со вода има веднаш под седлото пред Кобилица – на 100 метри надолу десно.

Ден 3
Караниколчко езеро – Кареташ 2478 m – Скакаличко езеро – Љубовишка планина – Извори на река Пена / Џини Бег. Од тука може да се појде на Титов Врв 2747 m (КТ4). Логорот е кај изворите на Пена.

Ден 4
Џини Бег – Челепино – Рудока планина – Голема Враца – долината на Маздрача – Фудан Брдо – Лера 2197 m (КТ5) – Димкова црква. Вода има помеѓу Рудока и Враца (Тија Вода), под Мала Враца и по текот на Маздрача. Има варијанта да се оди и по полето Шутман и Луково Поле, па потоа преку Радика планина и Расангул да се спои со првоопишаната патека.

Ден 5
Димкова црква – Кожа – Маврови Анови – Маврово – Бистра планина – Меденица 2163 m (КТ6) – с. Галичник. Се спие на ливадата над селото.

Ден 6
с. Галичник – с. Тресноче – с. Лазарополе 1330 (КТ7) – с. Гари – Стогово. Се прави логор кај бачилото на Голема Мегданица на Стогово планина.

Ден 7
Бачило Голема Мегданица – Бабин Срт 2242 m (КТ8) – Караорман – Орли Врв – с.Црвена Вода – с.Ботун

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија