XXVI Традиционален планинарски марш – ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ -МУРАТО

Датум на почеток:

05.09.2015

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани планинари,
Нашиот Планинарски Клуб ПСК Пелистер во чест и слава на нашиотДимитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест го организира 26-тиот Традиционален марш. Истиот ќе се одржи на ден 9 Мај 2015год. на Пелистер.
На Маршот се очекува да земат учество неколку стотици планинари од земјава и странство, со што Маршот добива меѓународен карактер.

Во прилог на поканата Ви ја доставуваме и програмата за искачување што ке се одвива на планината Пелистер и ќе започне на 9.05.2015 год.

Ве молиме најдоцна до 1 мај 2015 год. да не известите за точниот број на учесници од Вашиот клуб заради организациони потреби.

Контактирајте не на телефон:
075 458 782 Петар Нолев ;

Прилог:
Програма и Пријава

ПРОГРАМА:

За 26-тиот традиционален марш Димитар Илиевски-Мурато

МАРШРУТА бр 1:

Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер-Димев Врв.

09.05.2015 (Сабота)

06:00 ч.Поагање на автобусите од Битола-пред Шехерезада
07:00 ч.Поаѓање до врв Пелистер-преку Инфоцентарот, Палиснопје и Ловечка Куќа.
12:00 ч.Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.

Со пристигнувањето на учесниците на маршот на Димев врв ке се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатуваат назад кон Инфоцентарот.

13:00 ч.Поаѓање кон пл.дом Копанки

13.00 ч.Полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки,кратка комеморација,поздравен говор,доделување на благодарници, прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот и затворање на манифестацијата.

17.00-18.00ч. Поаѓање на автобусите за Битола од пред Инфоцентарот

МАРШРУТА бр 2:

Ниже Поле – Дебел Рид – Големо Езеро – Партизански Врв – Широко Стапало – Врв Пелистер – Димев Врв –

08.05.2015 (Петок)

10:00-12:00 ч. Пристигнување и пречек на планинарите од внатрешноста и странство на однапред договорена локација во Битола.
12:30 ч. Поаѓање од Ниже Поле преку Дебел Рид до п.д Големо Езеро
16:00 ч Пристигнување во домот и сместување-нокевање.

09.05.2015 (Сабота)

07:00 ч. Будење и доручек
08:00 ч.Поаѓање до врв Пелистер-преку Мало Езеро,Партизански Врв, Широко Стапало-врв Пелистер
11:00 ч. Спојување со групите од Палиснопје и Битола на месноста Широко Стапало.
12:00 ч. Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.
13:00 ч. Поаѓање кон пл.домови Копанки и големо Езеро

Планинарите кои ке се одлучат за Маршрута бр:2 задолжително мораат да се најават до 1 Мај, бидејки бројот на учесници е ограничен поради малиот капацитет на домот.

ВАЖНО:

Задолжителна најава за учество со број на членови
Маршрутите бараат добра физичка подготвеност и здравје.

Неопходна е зимска планинарска опрема за искачување на н.в.од преку 2500мнв.
Се опоменуваат водичите да поведат повеке сметка околу дисциплината за време на маршот,како и еколошката страна т.е.оставање на какви и да било отпадоци зад себе.
Времето на враќање на автобусите не е конечно и можно е да биде изменето во зависност од возниот ред на автобусите и возовите кои поаѓаат од Битола кон внатрешноста.
Организаторот ги задршува сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот.
Планинарите кои ќе сакаат да ноќеваат во домот на Големо Езеро (на 09.05-Сабота) задолжително треба претходно да се најават(075 45 87 82) поради ограничениот капацитет на домот,во спротивно не гарантираме за можните проблеми кои би настанале.

ПСК Пелистер обезбедува:

Нокевање во п.д. Димитар Илиевски Мурато (Големо Езеро)
локален превоз за Битолчани.
Чај во домовите, месноста широка и врв Пелистер;
Обезбедени две маршрути со водичи и спасувачи
За секој учесник самолеплив амблем со ликот на Димитар Илиевски Мурато и спомен печат од маршот;

ПРИЈАВА

За учество на Дваесет и шестиот традиционален марш
Димитар Илиевски-Мурато

Планинарски Клуб ______________________________
(полно име и адреса)

ќе учествува на 26-тиот Традиционален Марш на Пелистер, кој ќе се одржи на 09.05.2014 год.

Нaшиот клуб ќе учествува со следните членови :

Име и презиме Датум на раѓање
Бр.на план.книшка
1
2
3
…..

Бројот на учесници заради сместувањето е ограничен !
Водич на групата: _______________________
Во Битола ќе допатуваме на ден ____2015г. во ___часот
На железничката / автобуската станица.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија