Врв ПЛАТ – Шар планина
Датум на почеток:
11.08.2015
Време на почеток:
05:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ПСК Скопска црна гора организира отворена еднодневна акција до врвот ПЛАТ – Шар планина 2398 мнв во недела на 08 ноември 2015.
Турата започнува од Попова шапка (1700 м.н.в) и се оди до врвот Плат (2398мнв) . Турата е средно тешка и е потребна добра психофизичка подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза во зависност од временските услови.
Поаѓањето е во 6,оо часот од паркингот пред Поштата на железничка станица, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбе од Скопје до Попова шапка. Бројот на местата се ограничени.
Пријавувањето e задолжително
тел за контакт Дарко 076-274-742
Уплата најкасно до петок 06.11.2015 г во договор со
Коста 075-544-020
Цената за турата е 350 денари.