Врв Џинибег 2610мнв и врв Трпезница 2590мнв
Датум на почеток:
08.07.2016
Време на почеток:
04:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
ДПС Трансверзалец – Скопје организира искачување на врвовите на Шар планина, Џинибег и Трпезница на 07.08.2016 (Недела)
Планирана е следната маршрута на искачување: планинарски дом Смрека (1800 мнв) – движење по Вакфска патека – Извори на река Смрека- извори на река Пена – врв Џинибег (2610мнв) – врв Трпезница (2590мнв) и враќање назад.
Акцијата е долга околу 30 км, се пешачи 10 -11 часа . Спаѓа во категорија Средно тешка. Технички патеката не е тешка но е долга и се искачуват два врва.
Поаѓање од паркингот на Железничка станица Скопје – Пошта во 6.00 часот
Цена 400 денари за превоз со комбе во два правца Скопје – Попова Шапка (Планинарски дом Смрека).
Сите учесници кои доаѓаат со возила(сопствен превоз) за организација и водство треба да уплатат 100 ден.
Пријавување и плаќање до сабота (06.08.2016).
За информации и плаќање Зоран Костадинов 070/641-998
Храната е од ранец. Учесниците да понесат вода, храна, облека и се што е потребно за еднодневна планинарска тура, соодветна планинарска облека за топло време но и за променливо врнежливо. По можност планинарски стапчиња и разгазени планинарски чевли.
Учесниците задолжително треба да се водат спрема инструкциите на водачите. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Организаторот го задржува правото на измени во програмата во зависност со условите на теренот.