Врв 3/12: Попово Гумно на Китка (1193 м.н.в)

Датум на почеток:

12.03.2017

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

За крајот на годината, во месецот кога е најкраток денот, ја завршуваме трилогијата на масивот Мокра со искачување и истражување по северната падина на Китка со нејзините природни и историски месности. Тура особено погодна и препорачлива за оние кои се почетници и сакаат да започнат со планинарење, а за оние поредовните и искусните, добра вежба, тренинг и разонода. Прва и необична тура по тоа што „зацртаниот главен” врв ќе го „искачиме” со симнување од повисоко!

Попово Гумно е врв и гребен јужно од највисоките врвови Кросна и Китка, на сртот кој се испушта кон исток. Се надвиснува над селата Вртекица и Рамни Габер на север, Градовци на исток и Тисовица и стрмната долина на Кадина Река на југ, а до негова близина води и земјен пат од селото Палиград на југозапад. Врвот е гол и зарамнет, налик на вистинско гумно за вршење жито, а самите падини до сртот се обраснати со густа букова и дабова шума, во која живее доста дивеч. До Попово Гумно може да се пристапи од две страни од север од Вртекица или Рамни Габер во чија околина се наоѓа Драчевска Пештера преку искачување на највисокиот врв Китка или од исток од Градовци, каде се наоѓа и работи Извидничкиот дом и многу старата средновековна црква Св. Ѓорѓија (XIV век) со многу занимлив изглед и градба. Целиот предел е поволен и за планински велосипедизам.

Започнуваме со движење од селото Вртекица, каде по 10ина минути достигнуваме до Драчевска Пештера. Продолжуваме нагоре по патеката која од неодамна ја пробија планинарите од ПСК „Драчево Филип Чакаров” за меморијалниот марш. Движејќи се низ густа, наместа исечена шума, по мала стрмнина излегуваме на билото на Китка на карпата каде е спомен-обележјето за чичко Јосиф Илковски, од тука продолжуваме со 3 можности: најбрзите и наjспремните може да ги искачат највисоките врвови Красна и Китка (1565 и 1558 м.н.в.); оние кои сакаат повеќе уживање ќе поминат под самите врвови кај изворот на Црн Камен и месноста Тасиере каде во 1943 година се засолниле избеганите македонски партизани од „Идризово”, каде порасположените може да одат по потесната сега пробиена планинарска патека, а оние расположени за најмалку напор по широкиот пат, од каде сите три правци ќе се споиме на врвчето и гребенот Попово Гумно (1210 м.н.в.) и од таму ќе се спуштиме до Градовци каде ќе направиме пауза (можна е и закуска) во Извидничкиот дом во Градовци од каде турата ќе ја завршиме во Станица Зелениково.

Почетна точка: Вртекица, 07:00 h
Завршна точка: жел. ст. Зелениково
Должина на патеката: 21 км
Вкупно времетраење: 8 часа пешачење
Тежина на акцијата: средна.
Задолжително носење на 2 литри вода и препорачливо носење и употреба на планинарски стапчиња.

Поаѓање од Скопје: 06:00 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар).
Пријавување и купување карти најдоцна до 01.12 во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30 Зоран Костадинов – 070 641 998, Марио Шарески – 071 216 066,

Цена на превоз 350 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

МОЖНОСТ ЗА КРАТКА ТУРА:
За оние кои не би сакале да ја искачуваат и обиколуваат целата северна падина на Китка до нејзиниот највисок врв, постои можност за кратка тура, која ќе започне од селото Рамни Габер и преку гребенот Чалачуг ќе излезе директно на Попово Гумно, каде што ќе се спои со останатата група. Задолжително наведете при купување на карти.

Следете не за повеќе информации.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија