Вихрен 2914 мнв, Синаница 2516 мнв и Каменица 2822 мнв

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ДПС Трансверзалец организира тродневна посета на Пирин планина, Бугарија со искачување на три врва Вихрен (2.914 мнв), Синаница (2.516 мнв) и Каменица (2.822 мнв) од 22 до 24 Октомври 2016 год.

Програма:

22.10.2016 (сабота) Поаѓањето со превозни срества од Скопје е во 6 часот од пред Пошта – Железничка станица. По пристигнувањето во Банско следува сместување во Хотел/ Хижа. Денот е предвиден за посета на минералната бања Римска Бања и прошетка во градот Банско. Ноќевање.

23.10.2016 (недела) Старт на акцијата од хижа Вихрен(1.950мнв) или од Бандерица во 06 ч. Искачување на врвот Вихрен(2.914мнв) и врвот Синаница (2.516 мнв) со почеток од хижа Вихрен(1.950мнв). Планинарите ќе се поделат на две групи, Првата група ќе се и…скачува само до врвот Вихрен и е предвидено враќање по истата патека и назад во Банско во сместувањето хотел или хижа. Втората група продолжува од врв Вихрен до хижа Синаница. Зависни од брзината и кондиционата подготовка на втората група во истиот ден можно е искачување на врвот Синаница. Доколку не се искачи врвот Синаница во недела истиот врв е предвидено да се искачи во Понеделник. Преноќување во хижа Синаница.

24.10.2016 (понеденик) Првата група има можност за разгледување на градот Банско и посета на минерална бања. За втората група е предвидено искачување на врвот Каменица (2.822 мнв) од хижа Синаница. Потоа по искачување на врвот преку хижа Беговица групата се симнува во Попини Лаки од каде ќе ги преземе автобусот. Предвидено пристигнување во Скопје во 21 часот.

Превозот е организиран со комбе од Скопје. Пријавување на телефонот 070/641 998 Зоран Костадинов. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до четврток, 20 Октомври 2016 г. Цена на акцијата е 2500 денари или 40 евра. Во цената се вклучени: две ноќевања во хотел, превоз со комбе и водич на акцијата. Уплати за акцијата може да се направат во продавницата која се наоѓа пред Студенсткиот дом Кузман Јосифовски Питу.

НАПОМЕНА: Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Учесници мора да располагаат со соодветна физичка подготовка и планинарска опрема спрема предвидената временска прогноза. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради објективни причини.

Акцијата ќе вклучи рекреативци и планинари. Планинарите во зависностод желбата и психофизичката спремност можат да земат учество во Средно тешка акција – искачување само на врвот Вихрен или Тешка акција за искачување на три врва Вихрен, Синаница и Каменица.

Рекреативците може да уживаат во убавините во Банско и во кратки рекреативни тури околу хижите од каде ќе стартуваат планинарските акции. Сместувањето ќе биде во сместување во Хотел и комбинација Хотел и Хижа во зависност која акција ќе бидете вклучени.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија