Трет традиционален марш низ АЗОТ (Фотографска тура)

Датум на почеток:

05.06.2017

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарскиот дом Папрадиште (ЕГ Грин Пауер) со своите пријатели организираат еднодневно/ дводневно рекреативно дружење на 6 и 7 мај (сабота и недела) од Богомила до Папрадиште преку селата Капиново и Нежилово . Ова е една од визуелно најубавите патеки и предел кој озвозможува од друг агол да ги погледнеме Солунска Глава, Даутица, Сватови, Папрадиште, Чеплес, Нежилово, Капиново, Црешнево, Бистрица, Теово и Богомила. Оваа страна на АЗОТ е ретко одена, полна е со карпести видиковци и претставува една од најатрактивните и најподатливи за рекреативно планинарење и за почетен развој на фотографска кариера.

ВАЖНИ ДЕТАЛИ : Собирање на групата и тргнување е во сабота(6 мај) во 9 часот предпладне од железничка станица Богомила. Во 10.15 часот прва пауза над село Капиново, а околу 12 часот пауза за чај/кафе/појадок во Нежилово. Пристигнување во планинарскиот дом во Папрадиште најдоцна околу 15 часот.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :Патеката е средно лесна, вкупната должина е околу 15 км и околлу шест часови средно лесно одење. Почетна надморска височина 500 метри(Богомила), највисока точка „Капиновски преслап„ од 1.100 метри, Нежилово на 700 метри и крајна дестинација Папрадиште на 1000 м.н.в. Вкупна елевација на патеката е над 800 метри.

За сите ПРИЈАВЕНИ учесници обезбедено е ноќевање во планинарскиот дом во Папрадиште со ручек(вечера),+појадок + аперитив за цена од 400 денари. Во недела предпладне за сите заинтересирани гости нудиме(по желба) уште една кратка тура од Папрадиште до Куртовица(2 часови) или стационирано уживање и инхаљлирање на моќните медитеранските аеросоли кои допираат од Егејско море до овој мијачки остров.

Учесниците кои имаат потреба истиот ден(сабота) да се вратат, возот кон Велес и Скопје тргнува од Богомила во 20.00 часот, а возот кон Прилеп и Битола тргнува во 22.11 мин од Богомила.

ПРИЈАВУВАЊЕ на тел. 076 965 000(Ристе), 078 384 264(Антонио) и 075 361 877(Игор, после 1 мај)

Поради ограничените сместувачки капацитети, Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до четврток (4 мај) 2017 година.

P.S. Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност, треба да има минимум добра физичка подготвеност за пешачење по ридско-планински терен, да ги почитува правилата за движење во група и да ги следи инструкциите на водичите. Особено внимание секој учесник да обрати на отпадоците кои ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да си ги носи со себе во ранец.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на високи обувки, вода (2 литри) и храна. Реонот на кој се наоѓа патеката е исклучително богат со поточиња, извори и пружа неверојатна и грандиозна глетка кон сите четири страни на АЗОТ.
НАПОМЕНА: Во зависност од временските услови и од лична проценка на водичите и организаторот, термините и активностите во настанот може по потреба да бидат променети , а настанот одложен или откажан.
ВРАЌАЊЕТО назад за оние кои ќе ноќеваат е во недела 7 мај.
ПОРАДИ добрата поврзаност на Битола, Прилеп, Скопје и Велес со Богомила, препорачуваме користење на воз, но добредојдени се сите со сите видови превозни средства.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија