Трејл трка – Беличица – Меденица

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на TREX и ПСД Макпетрол, а во соработка со ПД Македон и Македонска Спортска Качувачка Федерација – на 20 јули 2014 година ќе се одржи трка во планинско трчање на релација Беличица – Меденица и назад.

На прекрасните терени на планина Бистра планираме планинарска трка но и планинарска тура по истата патека. Старт и финиш е од планинарскиот дом ПД Македон – с. Беличица.
Терените се прекрасни. Погледот кон Корабскиот масив, Дешат и Крчин уште повеќе го засилува доживувањето. Патеката дозволува трчање во поголем дел, така да може да биде добар тренинг на тие што се подготвуваат за трки, а на оние кои се мислат дали да почнат со трчање по планини ова е добра можност – дел од патеката ти може да трчаат, остатокот да го одат. Денот е голем па ќе можат сите да ја завршат предвидената патека.

Технички податоци :

должина : 24,5 km
поз.висинска разлика : 1150 m
просечен успон : 8,5%
посечен спуст : 9,5%
максимален успон : 34%
максимален спуст : 27%

Патеката ќе биде маркирана со цвено-бела лента. Натпреварувачите ќе добијат стартни броеви. Најдобрите тројца во машка и женска конкуренција ќе добијат медали. Вода и храна секој ќе си носи со себе, дека теренот не дозволува баш да транспортираме вода на врвот. Но по патот има неколку езерца а покрај едното од нив има извор со вода.
Стартнина за трката е 30 ден – за да барем делумно ги покриеме трошоците за лентата за маркирање и за медалите.

За пријавуње на трката напишете мејл со :

Име и Презиме, датум на раѓање, пол, клуб – на адреса [email protected]

Битно е да се пријавите на време за да знаеме колку стартни броеви да отпечатиме.
Стартот на трката е во недела – 10:00 часот.

Кој сака може да дојде во недела на стартот, а кој сака да помине подолго на ова место – може да дојде во сабота и да преспие или во домот или во шатор покрај домот. Домот е уште во фаза на прилагодување и има капацитет за околу 20 лица. Има перници кои се спојуваат по 3 па се прави нешто како душек. Може да си земете и подметач. Вреќа за спиење задолжително. Цена за спиење во домот е 50 ден. До домот има убава чешма и има полско WC.

Ако има доволно заинтересирани за превоз – превозот ќе биде со комбе во сабота наутро – околу 7 часот од пред Пошта – кај Железничка станица. Цена на превозот – 600 ден.
Оние кои ќе дојдат со свои возила ќе треба да се снајдат за паркинг во селото. Кај домот има место за 5-6 коли да се паркираат.

За оние кои не биле досега таму, од Маврови Анови се продолжува по патот за кон Дебар, кај село Трница се одвојува патот во десно и има уште неколку киометри до селото. До селото има асфалтен пат, нормално нешто потесен. Од крајот на асфалтот до домот има околу 300 метри.

Пријавување – најдоцна до 16 јули (среда) :
Пријавување за планинарската акција и дали ќе ви треба превоз или не – кај
Трајче Панковски e-mail : [email protected], 070-268-435

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија