Традиционално Искачување На Врв Руен 2252м.н.в
Датум на почеток:
09.10.2017
Време на почеток:
04:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
На ден 10.09.2017(недела) ЗПЗП “Калин Камен 2015” има чест да ве покани на Традиционалната акција искачување на врв Руен . До стартната точка на акција машинската зграда над рудник Тораница води асвалтиран пат од 20км каде може да се остават возилата.
План и прогрма за акцијата :
– 07:00 -10.09.2017 (недела) собирање на градскиот плоштад за членовите на ЗПЗП “Калин Камен ” и сите заинтересирани планинари од Крива Паланка и тргнување кон Тораница
-08:00- собирање на планинарите и старт на акцијата кај месноста наречена машинска кај рудникот Тораница
– Патеката е средно тешка имаме денивелација од 700 метри искачување исто толку и симнување
-патеката е долга околу 9 км во еден правец (од 2:30 до 3 часа искачување)
-на патеката има 1 извор на вода секој треба да си носи барем 1 литар вода
-11:00-12:00- Пристигање на врвот и пауза за одмор и фотографирање
-13:00-13:30- Доделување на благодарници и печати од врвот
За враќање назад имаме 3 варијанти
Прва варијанта
13:30- Старт за подолгата патека која е долга околу 30 километри (Врв Руен- Сокол- Царев врв –Калин Камен-Крива Палнака (Во завсност од спремноста на групата ) на оваа патека совладуваме денивелација од 700 метри искчување и 1200 метри спуштање(ако се оди до Крива Паланка ). За оваа патека имате потреба од разгазени обувки 2 литри вода и облека спрема условите
Втора варијанта
-14:00- Старт на групата за враќање назад кон Тораница по сртот покрај караулата Бождарица
Трета варијанта
– 14:00- Старт на групата за враќање назад кон Тораница по истата патека по која и ке се искачиме нагоре .
-16:00-18:00- пристигање на групите во градот и затварање на акцијата
-За сите патеки ЗПЗП “Калин Камен 2015 има обезбедено водичи
-Сите пријавени лица учествуваат на сопствена одговорност на искачувањето.Секој треба да има планинарски чевли(гојзерици) и адекватна облека според временските услови.
-ИСХРАНА :
– Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
-Доколку некој планинар или група на планинари не ги почитуваат инструкциите на водачите ќе се сметаат за исклучени од планинарската акција и ЗПЗП Калин Камен не носи никаква одговорност за последиците.
Доколку има некои измени во програмата ќе бидете навремено известени.
Организираните групи кои доаѓаат од другите градови ќе треба најдоцна до 08.09.2017 година да ни достават список на учесници. Дел од патеката е во близина на граничната линија, поради што е задолжително сите учесници со себе да имааат документи за лична идентификација
Лица за контакт:
Мартин Митровски : 078-272-621
Денис Ангеловски : 071-907-997
Драган Величковски: 072-313- 769
Соцко Тасевски : 071-292-752