Традиционално искачување на Кораб

Датум на почеток:

09.03.2017

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По повод 26 години независност на РМ, ПСД”Кораб” го организира традиционалното искачување на Голем Кораб 2764 метри. Нашето планинарско друштво се приклучува кон овој настан.
Групното одење на Кораб се сведува на минимум во една година, затоа ќе се потрудиме да не го одбегнеме оваа година.

Според организаторот искачувањето започнува во 09:00 часот а врвот се затвора во 15:00 часот така што, кој каде се затекне во 15:00 часот, по правило треба да се спушти кон караулата.

ПРОГРАМА:
– Тргнување од Железничка Станица Скопје- Пошта 2 во 05:00 часот.
– Тргнувањето е на време, не одговараме за тие што ќе задоцнат. (Побарајте го автобусот со натпис на нашето друштво)
– Пристигнување на 2 км пред караулата Стрезимир на висина од 1500 метри.
– Искачување на Голем Кораб 2764 метри
– Враќање кон Скопје

ОПИС НА ТУРАТА:
– Од почетната точка до врвот имаме висинска разлика 1490 метри.
– Во еден правец има 10 км, во двата 20км.
– Во првиот дел од турата има вода за полнење, потоа нема
– Турата спаѓа во тешки тури, но поради долгиот ден и групата која се движи заедно, се ова се поминува полесно.

ПРЕПОРАКИ:
– Не ги полните ранците многу со храна
– Се прават доволно паузи, за сите да се искачат

ПОТРЕБНА ОПРЕМА :
Облека за заштита од сонце , очила за сонце со УВ заштита , капа , марама , креми за сонце , планинарски стапчиња…

ИСХРАНА :
Секој сам си носи храна во ранец , вода 2 л., суво овошје, сендвичи и сл.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
Цената е 550 ден по човек, со платен влез во националниот парк Маврово, пријавување и плаќање најдоцна до 1-ви септември 17:00 часот.
Пријавување кај
Дејан ✆ 071-212 808
Хари ✆ 077 -743 599
*** Попатно собирање само кај CitiMall , хотел Карпош и Кружниот во Ѓорче
*** Пријавете се порано за подобра организација.

НАПОМЕНА :
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија