Традиционална Планинарска Вечер – Планинарски Клуб Ентузијаст Струмица

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПОКАНА:
Планинарско Алпинистичкиот Орентационен Клуб ЕНТУЗИЈАСТ Струмица ве поканува да бидете присутни на традиционална меѓународна планинарска вечер на ден 28.11 2015 г. (сабота) во Хотел Цар Самуил с. Банско – Струмица.

Планинарска вечер е дел од годишните активности според програмата на ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ.Поканети се и ќе бидат присутни планинари од повеќе планинарски друштва од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Босна, љубители на природата и гости кои ги помагаат планинарските спортови.Ќе ни биде задоволство и чест да присуствувате на оваа вечер, вечер во која ќе се подсетиме на средбите во оваа година што изминува ќе се забавуваме и дружиме заедно.

Во сабота е организирано посета на водопадите во Смолари, Габрово, Колешино, посета на Мокринските извори и посета на местото ПИРГО (местото каде се одвивала познатата Беласичка битка во 1014 г.)
Планинарска вечера 20:00 h. Хотел Цар Самуил – музика во живо, вечера, доделување на благодарници, богата лотарија и други изненадуванје.Влезница-карта цена 600 ден.(10 евра или 20 лева) пијалоци по пристојни цени.Сместување-спиење во Хотел Цар Самуил с. Банско / Хотел Атлантис Палас с. Банско / Хотел Подгорски Ан с. Габрово / конаци во црква Свети Петнаесет Струмица / Хотел Тивериопол Струмица / Хотел Илинден Струмица / Хотел Централ Струмица – сите по цена од 600 ден.(10 евра или 20 лева)

Во недела е организирано посета на манастирите во с. Вељуса и Водоча, ручек и пијалоци за сите гости на Манастирот Свети Илија обезбеден од организаторот.По желба на гостите може да се пристигне и во петок за да може да се искачуваат на БЕЛАСИЦА, во недела може да се посети и Дојран (водичи обезбедува организаторот).
Пријавување и резервација најкасно до 25.11.2015 г.
Лица за контакт (КОЛЕ 070 200 848) (ВАСКО 070 535 688) (АЛЕН 075 471 643) (ДИМАЦ 071 552 144)
Бидете поздравени – ПАОК ЕНТУЗИЈАСТ Струмица

Автор

megalogomed

Скопје

Македонија