Традиционална јубилејна 10 години акција Кожле-Карабуниште
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
06:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Пред 10год беше формиран Планинарскиот клуб Македон -Скопје
Пред 10год. За првпат официјално беше изведена оваа акција од с. Кожле Скопско до с. Карабуниште Велешко од тогаш новоформираниот Планинарски клуб Македон, по што продолжи традиционално да се изведува секоја година. Оваа 2018год. е нејзиното јубилејно 10то издание и воедно 10ти роденден на ПК.Македон
Акција со која клубот од година во година расте,акција која оние кои го формираа друштвото оставија аманет да се изведува секоја година додека клубот постои
Ја продолжуваме и негуваме традицијата,а сигурни сме дека и после многу години некој по нас ќе го прави истото
Самата акција спаѓа во категоријата лесни (hiking) акции
Започнува од село Кожле (скопско во близина на Катланово сместено во живописна природа над кањонот на реката Пчиња и се одвива по релативно рамен терен без некои поголеми тешкотии низ убави зелени предели покрај реките Пчиња и Вардар , – се пристигнува во село Карабуниште (Велешко ) во подножјето на планината Голешница за околу 2часа и 30мин со лесно движење и уживање во природата на Таорската клисура ,тука се прави подолга пауза 40мин.
По паузата тргнуваме назад кон Кожле покрај самиот влив на реката Пчиња во Вардар до манастирот Богородица кој е изграден во карпа каде правиме подолга пауза за одмор , закуска и дружење
Збирно место за тргнување е паркингот пред поштата на нова железничка станица 08часот (ве молиме бидете таму 15минути пред 8часот)
враќање од Кожле 18часот
организиран превоз со комбиња 280 ден
плаќањето може да се направи преку сметката на клубот уплатница (ПП10), примач ПК Македон, банка на примач – NLB Tutunska, жиро сметка – 210063535500109
за потврдени учесници ќе се земат само оние кои заклучно со петок ќе ја извршат уплатата на сметка
или лично во договор со лицата наведени за контакт
пријавување најдоцна до 13април (петок) Местата со организираниот превоз се во ОГРАНИЧЕН број
Лица за контакт
Дуле 078 310 552
Тони 072 243 939
потребна опрема
се работи за релативно лесна патека,првенствено за уживање доволно ви е да понесете :
– разгазени обувки високи или ниски
-Тенки долги пантолини, тренерки по избор и желба
-Лесна јакна, шушкавец во случај на ситен дожд
-наочари за сонце
-1литар вода (има и таму да се наполни)
-Храна по свој избор (сендвичи,салата ,благо, енерџибарови)
Акцијата ќе биде водена од членови на клубот, регистрирани водичи при ФПСМ
Организаторот на акцијата има за право да прави измени во планот во зависност од условите на теренот и има за право да ги одстарни од групата оние кои нема да се придржуваат и почитуваат кон правилата за движење во планина
секој учесник е сам одговорен за својата психофизичка состојба
-во текот на акцијата е од ИСКЛУЧИТЕЛНА важност да се зачува природата и животната средина и да не се фрлаат отпадоци во неа
Секој учесник е ДОЛЖЕН да се придржува и да ги почитува водичите на групата нивните одлуки и насоки на движење.Самоиницијативно движење по предели и насоки кои не се дадени од организаторот ПК:Македон нема да бидат толерирани.
за повеќе информации слободно контактирајте не 🙂