Традиционален 6 Ноемвриски марш „По падините на Плавуш“

Датум на почеток:

11.02.2014

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани планинари,

Планинарскиот клуб „ЈУГ ВАЛАНДОВО” Валандово на 02 ноември 2014 год. (недела) организира традиционален 6-то Ноемвриски марш „По падините на Плавуш”.
По тој повод Ве покануваме да ни се придружите на оваа наша заедничка планинарска манифестација, која ќе се одржи според приложената програма:

07:45-Договор со водичите на планинарските друштва – клубови.
08:00 – Поаѓање од пред полиција Валандово – с.Раброво – пешачење по маркирана патека до ,,Џин чешма” каде ќе има одмор од 10мин.и продолжуваме до месноста ,,Злешово”,
10:30 – пристигнување до месноста ,,Злешово” и ќе имаме одмор од 30 минути.
11:00 – Продолжување на движењето од ,,Злешово” до ,,Шарена чешма” каде ќе има одмор 10 – минути.
12:20 – Пристигнување до месноста ,,Извор” 10 минути одмор.
12:30 – Упатување до манастирот ,,Св.Георги” и се очекува пристигање околу 13:00часот.
13:00 – Заеднички планинарски ручек, обезбеден од организаторот – планинарско гравче.
14:00 – Доделување на благодарници и планинарско дружење до 17:00 часот.
17:00 – Завршување на маршот.

Учесниците лично се одговорни за сопствената психофизичка кондиција.
Организаторот нема да сноси никаква одговорност за учесниците кои нема да ги почитуваат упатствата од водичите или се одалечат од патеката.

Напомена: Секој планинар да си носи вода за пиење.
Планинарските друштва – клубови да се пријават со точен број на учесници и водичи.
Пријавување: до 30.10.2014год. на нашиот ФБ профил или [email protected] :

Лица за контакт тел:
Игор: 072 758 997
Зоки: 075 810 367
Гоце: 072 589 940

Патеката е околу 12км. и се поминува за 4 часа со повеќе одмори.
Најниска точка е стартот – Валандово со 90мнв, а највисоката точка е Песо Поле 610мнв.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
ПК ЈУГ ВАЛАНДОВО
Гоце Монев

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија