Светски ден на планината – Матка 2017

Датум на почеток:

12.10.2017

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), традиционално и оваа година се приклучува кон одбележување на 11 декември – ,,Светскиот ден на планината,,.

ФПСМ се придружува кон одбележување на овај ден, со цел да се зголеми важноста на планината за секојдневниот живот, како и да се придонесе кон создавање на партнерства кои ќе донесат позитивни промени во нивната заштита.

,,Светскиот ден на планината– Матка 2017 ,,. ќе се одбележи со планинарски акции на 10 декември 2017 год.(недела) во организација на Федерација на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) , настан кој ќе биде подржан од ДПС Трансверзалец -Скопје

Предвидена програма:

Опција 1
Планинарска патека: Скопје – Водно – Матка (5 часа пешачење)
07.00 ч. Стартно место: ОУ Кочо Рацин (Обезбедени планинарски водичи)
Опција 2
Планинарска патека: Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа (3 часа пешачење)
09.30 ч. Стартно место: Манастир Св. Богородица, Матка (Обезбедени планинарски водичи)
Официјален дел од програмата
13.30 – 14.30 ч. Планинарски дом Матка, свечен собир и доделување на награди и признанија(Св. Андреа)
Гостите на настанот ќе можат да се освежат со планинарски чај во текот на целиот настан.
14.00 – 15.00 ч. Окрепување …., добро расположение и дружење.
16.00 ч. Довидување идната година

– Aвтобус на ЈСП во 08.45 ч. Број 60, Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица до Матка.
14.40; 16.20 и 18.00 ч. Број 60, Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица
– Aвтобус на ЈСП (еден бесплатетен бус, во организација на ФПСМ):
08.30 ч. Стартно место, Транспортен центар – Нова железничка станица, Центар – рекорд, Капиштец – Треска, Влае, Сарај се до Матка.
16.00 ч. Матка – Транспортен центар – Нова железничка станица.

Напомена:
– Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа
– Задолжително пријавување кај организаторот ФПСМ или кај ДПС Трансверзалец (листа со име и презиме на членовите учесници)

Сите пријавени учествуваат на сопствена одговорност. Должност на учесниците е да ги почитуваат инструкциите кои ќе бидат давани од страна на Водичите на акциите.

Пријава и информации : на e-mail: [email protected], web: www.pdtransverzalec.org.mk, facebook: https://www.facebook.com/transverzalec/ и телефон 070/641 998

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија