Свечено отворање на новата болдер вежбална на А.К. Матка

Датум на почеток:

02.01.2016

Време на почеток:

18:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Чест ни е да ви соопштиме дека во понеделник ја отвараме новата вежбална на Алпинистички клуб Матка и воедно сакаме да ве поканиме да бидете дел од заедничата прослава и дружба. Како супер тим од ентузијасти ја изградивме новата болдер вежбална и сакаме да го споделиме задоволството со вас, сите заедно да го направиме првиот тренинг. Секој кој сака да се обиде на болдерот нека си понесе со себе патики за качување или чисти спортски патики.

Би ви биле благодарни доколку се придржувате кон правилата на училиштето и правилата на вежбалната:

-Пушењето е забрането во училишниот двор и во самата вежбална.

-За да избегнеме оштетување на подот во просторот за вежбање и да ја задржиме хигиената, ве замолуваме да влегувате со чисти обувки, или со патики за качување.

-Забрането одмарање во аглите на болдерот, ако некој ве предизвикал да свртите цел круг 🙂

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија