Салакови eзера – Караџица

Датум на почеток:

10.08.2016

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Дводневна организирана тура, во централниот дел на Македонија, на масивот Јакупица.
Живописна тура на која се искачуваат висински разлики од 1400 метри, се поминува покрај езера кои се врзани со морени, обоени шумски предели, се прерипуваат поточиња, се оди по сртови на планина, по места каде нема разгазени патчиња, се на се , нешто подалеку од цивилизација.

Eвентот за опција 1:
https://www.facebook.com/events/2147557935292099/

Опција 2:

Турата е средно тешка

Турата се препорачува само за оние кои ова лето имале активности, планинареле, се занимаваат со велосипедизам и сл.
На оваа тура се травесира по планините Јакупица и Китка.

Пограма :
Сабота 8 Октомви

Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 07:00 часот
Пристигнување во рибникот Принц . По 2 часовно искачување доаѓаме до пд.Караџица.
Цел ден слободни активности.

Недела 9 Октомви

Станување во 07:00 часот – спремање од 1 час и во 08:00 часот се упатуваме кон Салакови езера. Преку “жаба”, по шумскиот пат, преку неколку поточиња, по билото Шашковица , доаѓаме до Салакови Езера каде се спојуваме со групата 1, од еднодневната акција. Од тука постој опција да се качи врвот Убава , и пота се спуштаме до Патишка Река.
Најдоцна 18:30 часот сме во Скопје.

Турате не е погодна за тие што ќе дојдат со возила бидејќи е кружна.

Цената за настанов е 650 ден. ( превоз во 2та правци и спиење )
Плаќање најдоцна до ПЕТОК (7- ми октомви) до 15:00 часот.

Плаќање кај
Алекс ✆ 070-382 751
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808

Совети за ранецот:
*Немојте да се товарите многу!
*Во домот се спие со еден пар ѕиври и еден полар – тие истите што ќе ги носите со/на вас.
* Храна се зема за по пат, за мезе во домот и за појадок нешто малку. Домот нуди храна по поволни цени.

Потребна облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна.
Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити

ВАЖНО::
За да се пријавите на турава потребно е качување на Водно од минимум 1 час и 40 мин.

Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се движат по сопствена режија, надвор од групата. (се мисли надвор од програмата и организацијата)

Правило бр. 1 (ова важи за тие што не се во групата или влечат сами напред).
Доколку се изгубите и не знаете каде да одите, треба да се чека групата, или пак доколку имате видено маркација пред да сфатите дека не сте на правиот пат, се враќате до маркацијата што сте ја одминале

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

П.С. ДОКОЛКУ ИМА ИНФО ЌЕ БИДЕ ИСТАКНАТ НА ИВЕНТОТ,

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија