Републички едукативен планинарски камп, Беловодица 2016
Датум на почеток:
07.01.2016
Време на почеток:
05:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Почитувани,
Со задоволство Ви најавуваме дека оваа година ПСЗ „Козјак” – Прилеп и Младинска Комисија при Федерација на Планинарски Спортови на Македонија, повторно организира 3 дневна камп обука за млади планинари. Новост оваа година е тоа што кампот прераснува во Републички. Оваа година при Младинската комисија на ФПСМ се донесе правилник за оргнаизирање на планинарски кампави, и младински планински лидер. Секој учесник на кампот ќе може да се здобие со називот младински планински лидер со учество на кампови од ваков тип и учество на повеќе планинарски акции Овој камп е прв од таков вид на кампови на кој младите ќе можат да покажат што се знаат и да се здобиат со називот прво „бронзен даб”, потоа „среберен даб” , „златен даб” и на крај младински планински лидер.
Мотото на овој камп е : ОМАСОВУВАЊЕ НА ПЛАНИНАРСТВОТО, ДРУЖБА и ЕДУКАЦИЈА
Кампот е организиран со цел да ја вградиме љубовта кон планината и природата кај помладите, да ја научат планината нејзините убавини и опасности. После овој камп секое дете кое сака да планинари ќе знае како најдобро да се подготви, ќе научи која храна е најдобра да се консумира за време на планинарска акција. Исто така кампот има еколошка цел. Ќе ја поттикнеме и свеста кај помладите за зачувување на природата и нејзините убавини кои во Македонија се со непроценлива вредност.
Обуката опфаќа теоретски и практичен дел. Дел од теоријата ќе учи преку игри.
Предавањата ќе ги вршат врвни и искусни планинари. Ќе се учи палење на оган, врзување на јазли, подготовка за на планина, потребна облека и обувки во зависност од временските услови, ќе се изучува ориентација, маркација, прва помош, опасности во планина, ќе се изучуваат и флората и фауната што се застапени во Македонија, метеорологија, тренинг итн.
Кампот ќе се одржи од 1ви до 3ти јули 2016 година во етерот на манастирот во с. Беловодица на 15 километри од Прилеп .
Учесниците ќе спијат во шатори.
Право на учество имаат млади од цела Македонија на возраст од 12 до 19 години, членови на планинарски клубови членки на ФПСМ.
Организаторот обезбедува храна за секое дете. Во петок на 01.07.2016 започнуваме со ручек и во недела на 03.07.2016 кампот завршува со ручек.
НАПОМЕНА :
БРОЈОТ НА УЧЕСНИЦИ Е ОГРАНИЧЕН !!!
1. Секое дете што сака да учествува потребно е да достави потврда од матичен лекар за здравствена состојба.
2. УЧЕСТВОТО НА ОВАА ОБУКА Е 600 ДЕНАРИ.
– Средтсвата за учество се уплаќаат на жиро – сметката на ПСЗ „Козјак” – Прилеп :
300020000167457 – Комерцијална Банка.
3. Секој родител треба да потпиши согласност.
4.ОРГАНИЗАТОРОТ ОБЕЗБЕДУВА ХРАНА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ.
5.Секој учесник ( или заеднички 2-4 ) е потребно да понесе свој шатор и подлоги за спиење. Оние што нема да можат да обезбедат свои шатори е потребно да пријават најкасно до 22 јуни со што организаторот би можел да обезбеди за нив но не за секој.
6. Секој учесник е потребно да носи своја вреќа за спиење заради лична хигиена.
7. Секој учесник да понесе батериска ламба или свеќа.
8. Рок на пријавување најкасно до понеделник 27.06.2016
9. Состанок со родителите и со пријавените учесници во среда на 29.06.2016 во просториите на клубот во старата зграда на Водовод , позади старата општина, во 18 часот.
10. Без доставена копија од уплатница и потврда од матичен лекар, детето нема да смее да учествува.!
Кампот ќе биде обезбедуван од страна на старите планинари од ПСЗ „Козјак” – Прилеп кој ќе стражат и ноќе !
За повеќе информации и пријавување :
[email protected] , [email protected]
или
075/ 609 – 821 , 078/ 408 – 427 – Бојан
Планинарско Спортско Здружение „Козјак” – Прилеп
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija