Рафтинг на Тара и Дрина, искачување на Маглич (2.386м)

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

12:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ДПС Трансверзалец – Скопје во периодот од 19 до 21.05.2017 организира искачување на Маглич (2.386м) и рафтинг на Тара и Дрина.

Маглич е највисок врв на надморска височина од 2.386 метри во опсег на планинскиот венец Пљешевица, Грмеч, Цинцар и Радуша во Босна и Херцеговина. Врвот се наоѓа на границата на Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Програма:

19.05.17 (петок) Поаѓање во Скопје во 14.00ч од пред паркингот Пошта – Железничка станица. Патување преку Косово, Албанија, Црна Gора до Фоча и кампот Бастаси во Босна и Херцеговина. Кампот Бастаси се наоѓа покрај Дрина. Предвидено е преноќување во повеќекреветни бунгалови.

20.05.2017(сабота) Будење во 6.00ч, поаѓање во 7.00ч кон Пријевор. По 2 часа возење се пристигнува на Пријевот (1.670м), последна точка до која се стигнува со возило. Се патува низ прашумата Перучица и е предвидено застанување на Драгог Седлу(1.400м), видиковец од кој се отвора поглед на прашумата и водопадот Скакавац. Од Пријевор се поаѓа кон врвот Маглич (2.386м) до кој се потребни 2 часа пешачење. Симнувањето е по друга патека покрај Трновачко езеро (1.574м) и се стигнува до Пријевор. Симнувањето трае 4 до 5 часа. Предвидена е и посета на НП Сутјеска и локалитетот Тјентиште на враќање кон кампот. Ноќевање.

21.05.2017(недела) Транспорт на вода по Тара до Брстановице од каде што започнува Рафтингот со гумени чамци по Тара а потоа и по Дрина. Траењето на спустот зависи од водостојот и се движи од 1.5 до 4 часа. Спустот завршува точно пред нашиот камп. Тргнувањето за Македонија е околу 15.00ч. Пристигнувањето во Скопје е околу полноќ.

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка подготовка како и да бидат подготвени за промени и импровизирање на теренот. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност.

Предвиден е превоз со минибус.

Цена: 100 евра

Во цената се вклучени: трошоци за превоз, 2 ноќевања во камп, рафтинг услуги: за водичи, организациски трошоци и водење.

Во Цената не се вклучени: Патничко оигурување (учесниците во акцијата сами обезбедуваат осигурување) и такса за рафтинг 5-10 евра, индивидуални трошоци.

Ценовник на кампот: Доручек 5 евра, ручек 8 евра и вечера 8 евра

Пријавување и уплата најкасно до 17.05.2017 . Уплати може да направите секој четврток од 20 до 21,30 ч. во просториите на друштвото.
Контак 070/641-998 Зоран Костадинов

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА: ПАСОШ

Потребна опрема: за високогорско планинарење според временските услови

Автор

Дејан

Скопје

Македонија