Пржар 1625 мнв. #ИзлезиИДиши

Датум на почеток:

03.12.2017

Време на почеток:

05:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

#ИЗлезиИДиши се кратки и лесни тури, во рамките на можностите на сите љубители на природата.
Со иницијативата #ИзлезиИДиши сакаме да ги “извадиме” сите луѓе надовр од затворените простории во кои живеат, работат и тренираат, како и да им ги доближиме Outdoor активностите најдобро што знаеме.

Зависници од пентарење, чист воздух, слаба бучавост и добар грув ќе присуствуваат во недела на Скопска Црна Гора .
Турата е погодна и за помалку активните скопјани кои се качуваат на сите МКД планини преку ФБ 🙂 и
за сите оние кои сакаат да ни се приклучат 🙂
Значи, одиме на кратка тура која е како измислена за дружење, запознавање, разговарање ….

ОПИС НА ТУРАТА:
– Почетна точка на турата е с. Побожје, 570 мнв.
– Искачување до врвот Пржар, 1625 мнв.
– Се совладува висинска разлика од 1100 мнв (Водно и пол, со тоа што Водно е пострмно).
– До врвот се движиме преку месноста Две Реки и с. Бродец. Потоа се симнуваме до Спирова Колиба за да се измиеме на изворот, но и да се подружиме и да полежиме 🙂

ПОАЃАЊЕ И ВРАЌАЊЕ:
– За оваа тура нема организиран превоз.
– До с.Побожје може да се стигне со сопствено возило или со приградски автобус број 61.
– Автобусот бр.61 тргнува во 06:45 од автобуската станица за приградски линии на Железничка.

*** Сите оние кои планираат да одат со автобус, треба да бидат на автобуска станица најдоцна во 06:40 и да имаат важечки автобуски билет ***
*** Оние кои планираат да дојдат со сопствен превоз, возилата ги оставаат кај гробиштата во с. Побожје.
*** Почетокот на турата е кога ќе пристигне автобусот 61 во селото Побожје. ***
– Автобус за назад има во 14:45 и во 16:30 часот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови;
– високи разгазени зимски чевли и гамашни (може и патики, иако секогаш наша препорака се планинарски чевли);
– зимска топла облека која штити од дожд и ветер;
– зимски ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија