Прва македонска трансверзала – 2015

Датум на почеток:

07.03.2015

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Првата Македонска Трансверзала е планинарска патека која се протега од Љуботен до Охрид. По своите карактеристики тоа е најдолгата планинарска патека во Македонија, а веројатно е и една од потешките планинарски патеки од овој тип во Европа.

Патеката е поставена 1975 година од група планинари од Планинарското друштво „Елема” при Електро-Машинскиот факултет во Скопје. Во текот на неколку години патеката претрпе некои корекции и конечната варијанта е поставена во 1982/83 година, а нејзиното промовирање е во јули 1985 година, со поминувањето на група од триесетина планинари од сите тогашни републики во Југославија.

Трансверзалата поминува низ цела Западна Македонија, преку масивите на Шар Планина, Рудока, Враца, Бистра, Стогово, преку Караорман се до Охрид, во вкупна должина од 225 километри.

Карактеристика на првата половина од патеката покрај релативно големата надморска височина, најниската точка е на 2100 м.н.в., се и повеќе планински езера, кои на Шар Планина ги има 15, а непосредно се поминува покрај 5 од нив. Во овие предели често претстојуваат и групи ботаничари, привлечен од растителниот свет кој успева само во овие предели.

Вториот дел од патеката ја карактеризираат шумските предели и брзи планински реки кои во каскади се спуштаат низ падините формирајќу безброј водопади. Веројатно најинтересни се селата низ кои се минува со стара македонска архитектура, специфична за овој дел на Балканот. Како круна на се е прекрасното Охридско езеро и градот Охрид, со своите многубројни цркви од Византискиот период, а и подоцна, со богато фрескосликарство. За овој град се врзани првиот универзитет и почетоците на Словенската писменост и култура во светот.
Сместувањето на последниот ден од Трансверзалата е во Извидничкиот камп населба Даљан во Охрид.

Во периодот од 04.07.2015 до 12.07.2015 година ќе биде организирана обиколка на Трансверзалата со водичи.
– Закажано е собирање на 03.07.2015 година во Планинарски дом „Љуботен”.
– Се поаѓа наредниот ден на 04.07.2015 г. во 06,00 часот,
– При поаѓање се плаќа стартнина од 30 Евра по учесник, а за оние што сакаат да им се носи багажот со коњи се доплатува 80 Евра за првите пет дена до Маврово.
– Дневник на Трансверзлаата може да купите при поаѓањето, цена 5 Евра.

Некои неоходни информации:

Носете храна за четири дена и комплетна бивак опрема. Патеката е близу 225 км, со просечна височина од 2200 м.н.в. во првите четири дена, заради тоа посебно водете сметка опремата која ја носите да е комплетна но не ПРЕТЕШКА.Вкупната висинска разлика која се поминува од почеток до крај на патеката е 6000 метри.
Се оди 7-9 часа дневно ефективно.

Пријавување на адреса: ДПС „Трансверзалец”- Скопје, Ул. „М. Теодосиј Гологанов 28/13 – Скопје, за Божиновски Мијалчо или e-mail: [email protected]

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија