ПРВ ДО ВРВ 2016

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПРВ ДО ВРВ 2016

На 22 мај ќе се одржи четвртото издание на популарната трка на Водно, ПРВ ДО ВРВ, во која учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.

:: ШТО Е ПРВ ДО ВРВ? ::

Спортско-рекреативен настан со кој Скопјани, заедно со посетителите од цела Македонија и соседните држави, еден ден во годината масовно се натпреваруваат до врвот на својата планина Водно.

Качувањето има натпреварувачки карактер за оние кои сакаат да се докажат дека своето редовно дружење со Водно резултирало со рекордно време за качување од подножјето до врвот на Водно.

Скопје е еден од ретките градови во светот што може да се пофали дека има прекрасна планина која започнува од центарот на градот и нема жител на градот што не го посетува Водно по неколку пати во годината. Водно е катче за рекреација на секој Скопјанец во секое годишно време од годината. ПРВ ДО ВРВ е повод сите заедно еден ден во годината да се качиме на нашата планина.

Настанот се состои од:

1. ТРКА ВО ПЛАНИНАРЕЊЕ И ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ
– Старт во 10 ч. од ОУ Кочо Рацин
– Должина на патека: од 5 км (најкратка и најстрмна) до 8 км (најдолга и најлесна)
– Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)

2. ТРКА ВО ПЛАНИНСКИ И ДРУМСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
– Старт во 9:30 ч. од Музеј на Град Скопје (Стара Железничка)
– Должина на патека: 11,5 км (времето се мери од “летечкиот” старт од ОУ К.Рацин до врв на Водно)
– Елевација: 950 м
– Забелешка: Сите велосипедисти возат по асфалтниот пат до врвот на Водно, а оние што учествуваат во планински велосипедизам ќе возат и дел по неасфалтен пат, кој ќе биде дополнително објавен и јасно обележан. Сие учесници задолжително носат заштитна кацига.

3. ОЛИМПИСКИ ИЗЛЕТ
– Старт на музичка програма во 10 ч.
– Церемонија на прогласување победници во 13 ч.
– Музичка програма до 15 ч.

:: ПРИЈАВУВАЊЕ ::

Пријавувањето е преку електронска апликација и плаќање на веб страната на www.prvdovrv.mk.

Цената за учество изнесува:
– 120 денари за пријавување во промо викендот на 23 и 24 јануари за првите 100 учесници
– 180 денари за рано пријавување во периодот 25.1. – 29.2.2016
– 240 денари за пријавување во периодот 1.3. – 30.4.2016
– 300 денари за пријавување во периодот 1.5 – 21.5.2016

Секој учесник добива:
– стартен број
– официјална маица ПРВ ДО ВРВ 2016
– подароци/производи/ваучери од спонзорите
– освежување за време на трката
– излетничка забава на целта по трката
– победниците добиваат медали и награди (точниот награден фонд ќе биде објавен дополнително)

Подигнувањето на стартните пакети ќе биде на 20 и 21 мај на локација која ќе биде дополнително објавена.

Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка/пошта или во готово на денот на подигнување на стартниот пакет. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.

:: ПОБЕДНИЦИ ::

На победничкиот подиум ќе се качат:

– Најдобрите тројца во планинско трчање во машка и во женска конкуренција
– Најдобрите тројца во планински велосипедизам во машка и во женска конкуренција
– Најдобрите тројца во друмски велосипедизам во машка и во женска конкуренција
– Најдобрите кај возрасните над 40 години
– Најдобрите кај децата до 14 години
– Семејствата со најдобар резултат
– Тимовите со најдобар резултат
– Најбројниот тим

Организаторот го задржува правото врз база на објективни фактори да врши измени во термините и условите за одржување на трките и настанот.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија