Промоција на ТРАНСВЕРЗАЛА:Горна Белица (Мак. Брод) -Папрадиште

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 29 и 30 јули(сабота и недела) ЕГ Грин Пауер прави официјална промоција на нашата прва трансверзала од Горна Белица(Македонски Брод) – Папрадиште(Чашка). После две години волонтерски ангажман на неколку десетици луѓе, ја креваме завесата од самракот на заборавот на овој реон во МКД. Планинарите добиваат едно питомо, прекрасно парче ароматизирана оаза преполна со кондензирана повеќе децениска тишина во која човекот битисувал само како мислена именка или како нацртан предмет во фантазијата на некој од нас.

ДЕТАЛИ ЗА ПАТЕКАТА : ТУРАТА Е ТЕШКА, технички не е захтевна, но е исклучително напорна поради должината и висинската разлика. Почетна точкa на тргнување е село Горна Белица(650 мнв), се оди близу 4 часови до преслапот Момина Чука(1550мнв), највисока кота 2100мнв(под врв Даутица) и завршна точка во планинарскиот дом Папрадиште(1000мнв). Висинска разлика 1500 мнв.
ДОЛЖИНА НА ПАТЕКАТА : Трансверзалата е долга 25 км во еден правец. Се пешачи 13 часови во група.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење минимум 2.5 ЛИТРИ ВОДА со оглед дека првиот извор се наоѓа после 20-от километар од Горна Белица кон Папрадиште.
СТАРТ НА ТУРАТА : НЕДЕЛА ВО 5.00 часот од Горна Белица. Пристигнување истиот ден, најдоцна во 18 часот во село Папрадиште.
НОЌЕВАЊЕ : Сабота во Горна Белица во стари, амбиентални куќи од рустикален тип за кога е предвидена и посета на некоја од трите пештери во овој реон – Момичек, Лапарница, Голубарник. За вечерта ќе се организира заедничко дружење.
ЦЕНА НА СПИЕЊЕ : 100 денари од човек. Оптимален капацитет на луѓе за ноќевање е од 17 до 20. Доколку има зголемен интерес, ќе биде активиран и планинарскиот дом на Пеони со дополнителен капацитет од 15 луѓе.
ЦЕНА за ПРЕВОЗ од Скопје преку Велес- Прилеп – Македонски Брод- Горна Белица изнесува околу 400 денари во еден правец. Цената ќе биде пониска за учесниците од другите градови.

ТРГНУВАЊЕ : Сабота(29 јули) во 8.00 часот од паркингот на железничка станица Скопје(ПОШТА 2). Попатно се собираат патници од Велес, Кавадарци, Прилеп(доколку има заинтересирани).
ВРАЌАЊЕ – во недела во 18 часот од Папрадиште до Велес со организиран превоз по цена од 130 денари од човек, или со воз од Богомила до Велес/Скопје во 20.00 часот(со меѓусебен договор).

НАПОМЕНА : Цената за превоз зависи од бројот на патници во минибусот.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење кабаница, добро разгазени планинарски чевли, батериска/челна ламба, мобилни телефони со полни батерии. ИСХРАНА од ранец.

П.С. ПОТРЕБНА Е ОДЛИЧНА ПСИХО-ФИЗИЧКА КОНДИЦИЈА за оваа тура.СЕКОЈ ДОАЃА НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ. Организаторот по потреба или поради најавени лоши временски услови го задржува правото да ја промени маршрутата или да ја откаже или одложи турата.
ПРИЈАВУВАЊЕ : Поради комплексноста на турата, ВЕ молиме пријавувајте се навремено за сите оние кои сакаат да учествуваат во нејзина промоција.

Телефони за контакт и пријавување :
071/ 97 16 17(Новко), 075 361 877(Игор) и 078-384 264(Антонио)
ДА И ДАДЕМЕ ЖИВОТ на оваа прекрасна трансверзала која ги поврзува најубавите предели на Поречието и Даутица.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија