Продолжено есенско печење на тепсијата на Бистра – Volume #2

Датум на почеток:

11.01.2015

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата Бистра ( Маврово ) со врвовите Меденица 2163мнв и Карбула 2148мнв со крај во селото Галичник.

Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на ова печење е дружбата и уживањето.
Турата е 14,4 км со елевација од 956 метри, што ја става во лесни тури. ( Водно ипол )
Има опција за оние кои ќе сакаат да останат на Меденица и од таму да се спуштат до Галичник со што двојно ќе го скратат патот за планинарење. Глетките ќе бидат фантастични за сликање, особено погледот на Дешат и на Кораб од врвот Карбула.

Турата е организирана за комбе до 20 луѓе, се што ќе биде под 15 луѓе ќе се организираме доплонително, со коли.
Цената за патот е покрај цела Шара од 70 км и цело Маврово до крај на Бистра изнесува 499 денари и во неа влегува неизбежната шопска на врв, медицинска нега од медицинскиот брат и водич.

Турата е кружна и не е препорачлива за тие што ќе дојдат со коли да не пратат затоа што ние ќе завршиме во славниот Галичник на пивце.

Плаќање до сабота до 17:00 кај Алех 389 070 382 751 кај Католичка црква и кај Дејан 389 071 212 808 .

Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 06:00 часот

Патот е доста лесен и е погоден и за луѓе кои имаат некакви други спортски активности а не биле досега на планина.
Поради ветувачкиот ден, горе ќе се задржиме подолго за да се излежуваме и да апсорбираме витамин Д, да си ги зголемиме белите крвни зрнца и да избегаме од пм наночестичките во Скопје.

Потребна облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , гамашни, топла јакна , очила за сонце. Oблека против ветер.

Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити , пиво, ракија.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија