Повардарски поход во Таорска клисура: КАРАБУНИШТЕ – С’ЛП

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Редовна прошетка со БЕСПЛАТНИОТ железнички превоз за млади до 27 години до велешките села КАРАБУНИШТЕ и С’ЛП во пределот на Таорската Клисура на десниот брег на Вардар.

– Заминување од Скопје со возот за Велес во 09:00, пристигнување на стојалиштето „Пчиња” во 09:33.
– Искачување до манастирот Св. Илија во должина од 1 км, времетраење од околу 15 мин, и совладување висинска разлика од 265 м.н.в. по стрмен терен.
– Пешачење до селото Карабуниште во должина од 1,15 км во времетраење од 35-40 мин и совладување висинска разлика од уште 250 м.н.в по средно стрмен терен и падина со нискостеблести грмушки.
– Пешачење по широк, земјен шумски и колски пат до селото С’лп во должина од околу 6,5 – 7 километри и времетраење од околу 1,5 – 2 часа со постепено и благо спуштање на висинска разлика околу 200 м.н.в.. При пристигнувањето во С’лп ќе се остави подарок – ранци со училиштен прибор и фудбалска топка за четирите братчиња од семејството Попови, единствени ученици од селото.
– Мал излет, ракија, салати, закуска на ливадите околу С’лп или на масите во дворот на црквата Св. Петка и заминување пеш кон ж.с. „Рајко Жинзифов” за фаќање на возот во 18:55 (или 15:32). Вкупно пешачење околу 10-12 (најмногу до 15) км.

Целата прошетка е БЕСПЛАТНА!!! Оние кои се до 27 години со лична карта можат да си извадат карти во билетарницата, а оние кои се постари од 27, но се младолики да ни се најават најдоцна до петок 17.04. во 18:00 часот за да им обезбедиме бесплатни карти. Оние повозрасни кои изгледот ги издава дека не се близу и околу 27, нека извадат редовна карта до Пчиња (80ина денари), а ние најдругарски ќе им надоместиме со ракија и мезе!

Дојдете да уживаме во убавините на пролетта, природата и МАКЕДОНИЈА!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија