Поради Премногу добрите временски услови – Плат 2398м.н.в

Датум на почеток:

01.11.2015

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Еднодневна планинарска акција, старт со сопствен превоз во 05.00 часот од паркингот пред поштата кај нова железничка станица, 06.00 часот пристигнување на Попова Шапка 1750 м.н.в од каде почнува и пешачењето. Патеката е средно тешка, се пешачи во зимски услови 5 (пет) часа во правец и се совладува 648 м. надморска височина. Потребна опрема и услови : Психофизичка подготвеност за наведеното пешачење во зимски планинарски услови, удобен ранец, високи зимски добро разгазени планинарски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од ветер и дожд, зимски ракавици и капа, очила или маска за заштита од сонце, планинарски стапчиња, челна батерија, храна и пијалоци си носи секој сам

п.с. Мал тренинг за пред традиционалното Бугарско зимско искачување на Мусала

Напомена :

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Организатор: Дејан Доневски I Love Hiking – Group Macedonia +389 71 212 808
Водич: Атанас Стојковски ПК „Еделвајс“ +389 76 70 70 10

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија