#ПочниСоВодно – Хуманитарен хепенинг

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Хуманитарен хепенинг на #ПочниСоВодно. Да си ја покажеме хуманоста, со тоа што ќе присуствуваме на настанот, воедно можеме да пешачиме со планинарските друштва или да возиме велосипед со велосипедските друштва. Дружбата и забавата се неизбежни. На врвот ќе не забавува дџ, каде ќе има кутија за донации. Нашите помагатели брендовите Пелистерка и Алга сан се поддржувачи на целиот хуманитарен хепенинг. За донација има и телефонски линии на кој треба да се заврти бројот, за донација од 100денари.
Во организација со Macedonian Bike Riders, Друштво неозбилни велосипедисти, Empire state building fitness center, Without limits fitness studio.
———————————————————————-
Сѐ што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Понеси си ранец во кој ќе имаш 1л вода, шушкавец или тенка јакна и горен дел (маица/блуза) за да се пресоблечеш на врв. Секако, да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка. Пожелно е челна ламба или какво било светло кое ќе ти го осветлува патот.
И тоа е сѐ. За сѐ друго ќе се погрижиме ние.
Се дружиме секој четврток на Водно додека имаме убаво време или до почетокот на есенските дождови 😉
Не ја пропуштајте енергијата која владее горе.

——————————————————————————-

*** Планинарскиот дом на врв на Водно ќе биде отворен понесете си пари за чај / вода.

ВРЕМЕ И МЕСТО:
– Време на тргање 18:00 часот
– Место: OУ Кочо Рацин
– Враќање: најдоцна 22:30 часот – тргнување од врвот за надолу, симнувањето е по АСФАЛТИРАНИОТ пат

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија