Плат, Шар Планина

Датум на почеток:

01.07.2018

Време на почеток:

05:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ организира божиќно искачување на врвот Плат на 07 Јануари 2018 год.

Врвот Плат се наоѓа на планината Шар Планина, висок 2.398 метри надморска височина.

Искачувањето до врвот Плат е предвидено да започне од планинарскиот дом „Смрека” (1.800мнв) на Попова Шапка преку бандерите на пределот Јелак кој излегува на широкиот, земјен колски пат за Лешница. По патот се доаѓа до месноста каде се наоѓаат Церипашинските бачила од каде се излегува на подножјето на врвот Плат. Од патоказната табла над Церипашински бачила има 1.5 час за да се искачи врвот. Искачувањето од планинарскиот дом до врвот Плат вкупно е околу 3.5 часа, враќањето ќе се одвива по истата патека во траење од 3 часа. Вкупно траење на акцијата е 6 -7 часа.

Патеката спаѓа во категорија Средно напорна копнена акција.

Поаѓање од Скопје во 06:30ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 400ден. Попатни станици /Градежен факултет -Хотел Карпош – Сити мол – Ѓ.Петров/

Стартот на акцијата започнува од планинарскиот дом Смрека.

Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 19:30

Пријавување и уплати најдоцна до 05.01.2018 (петок)
Инфо: Зоран Костадинов 070/641 998

НАПОМЕНА:

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
– Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
– Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
– Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија