Планинарски марш Томе Темелкоски

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

За прв пат Планинарски Клуб Мамути Прилеп во соработка со Здружение на љубители на ридско-планински активности,Рокенрол и добра чашка и Општина Прилеп го организира овај планинарски марш во чест на човекот кој го градеше домот на Селечка Планина – чичко Томе Темелкоски.

Турата е лесна и е за лица на воздраст од 7-77.
Се движиме кружно и ја опфаќаме едната половина од Селечка Планина.
Стартот е закажан во 08:00 ч. од манастирот Св.Димитриј – с.Селце.Собирно место е во центарот на Прилеп поточно реклами од 07:30 до 07:45 часот од каде сo организиран превоз ќе се оди до манастирот (тие што идат со сопствен превоз можат директно да дојдат на манастир).

Должина на патеката е 20 км.

-Првата пауза е на локалитетот Домајчинско Чешмуре каде гостите ќе бидат почестени со слатки кекси.
-Втората пауза е кај карпата наречена Сурато.
-Трета пауза (за поручек) е местото викано кај Стоговите од каде по сртот на Селечка се упатуваме кон Планинарскиот Дом Томе Темелкоски каде што ќе се послужи со топол чај секој учесник.По паузата во Домот се спуштаме по патеката каде што се најдува карпата Желка и се упатуваме во манастирот каде следува ручек за секој учесник обезбеден од организаторот ,,Прилепско гравче готвено на Мамутски начин”.

После ручекот ќе се доделат благодарници за планинарските друштва и за најмладите учесници.

За враќање од манастирот до центарот на Прилеп имаме 5 км. пешачење.
п.с. Сите планинари, добронамерници и љубители на природата се добредојдени на првиот планинарски марш во чест на чичко Томе. Ве очекуваме во голем број.

Спортски поздрав од П.К.МАМУТИ, ЗЉРПА Рокенрол и Добра чашка и Општина Прилеп.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија