Планинарски марш по повод одбележување 1000 години од Битката на Беласица

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Покана за учество на планинарски марш по повод одбележување 1000 години од Битката на Беласица

Почитувани,

Општина Струмица и ПАОК Ентузијаст Струмица Ве покануваат да учествувате на планинарски марш с. Колешино – с.Водоча по повод одбележување на 1000 години од Битката на Беласица. Планинарскиот марш ќе се одржи на ден 13 – 14 септември 2014 год.(сабота – недела) по следнава маршута:

Сабота 13.09.2014 година(прв ден):

Поаѓање од Струмица(Стара автобуска станица-Пошта) во 08:00 часот до с. Колешино на ден 13.09.2014 год. со автобус

Планинарска маршута: с.Колешино – Колешински водопади – Попадиска чешма – Коњски кладенец (1557 м.н.в) – Планинарска куќа Дедо Кољо Муртински – Споменик обележје „5-те Струмички студенти” – Викенд населба „Сред село”(950 м.н.в.). Пешачење 6-7 часа со краток одмор. Ручек е во 17:00 часот на Викенд населба населба „Сред село” каде е и ноќевањето во сопствени шатори.

Недела 14.09.2014 година(втор ден):

Будење во 06:00. Доручок 6:30 часот. Поаѓање од Викенд населба населба „Сред село” до с. Водоча во 08.00 часот.

Планинарска маршута: Викенд населба „Сред село”– Белешки ливади – с.Костурино – с.Раборци – с.Попчево(спојување со учесници од Маршута 2 во 13:30 часот) – Брана Водоча – с.Водоча. Пешачење 6-7 часа со краток одмор.

15:00 – 16:00 часот Пристигнување на учесниците во с.Водоча
16:00 – 16:15 часот Обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Зоран Заев и доделување на Благодарници за учество
16:15 – 17:00 часот Ручек
17:00 часот Враќање с.Водоча – Струмица со автобус.

Напомена: Од организорот е обезбеден автобуски превоз Струмица – с.Колешино, превоз за шатори Струмица – Викенд населба населба „Сред село”и ручек(13.09.09.2014) и доручок, ручек, превоз за шатори Викенд населба населба „Сред село” – с.Водоча, автобуски превоз с.Водоча – Струмица.

За спомен планинарските друштва ќе добијат Благодарница за учество.
Секој учесник е потребно да си донесе прибор за јадење и шатор. Учесникот доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствена психо физичка кондиција.

Пријавување со име и презиме,матичен број,водич на група најкасно до 10.09.2014 година Пријавите да бидат испратени на адреса Општина Струмица, Одделение за ЛЕР –

Контакт лице: Софче Јанева 076 483 157 или ПАОК Ентузијаст Струмица п.фах 76 – Контак лица: Душко Ќосев 077 984 499; Васко Серафимовски 070 535 688; Кољо Ристов 070 200 848

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија