Планинарска тура до Солунска Глава

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани !
Fitness Studio Energy и Energy Shop организираат планинарска тура до Солунска Глава.

Планинарската тура е закажана на 20ти и 21ви Септември 2014г. Турата е објаснета подолу по кој редослед и на што се треба да внимавате и да бидете спремни пред да влезете во списокот кој е отворен во горе наведените организатори.

Прв ден (20ти септември)

06.10 часот – тргнување со воз од Железничка станица Прилеп (групата да биди собрана пред железничка најкасно до 06:00часот)
06:45 часот – пристигнување на Железничка станица Богомила, и организиран авто превоз до с.Нежилово со такси, камионче, трактор, комбе, во зависност од бројот на групата.
од 7:30 до 8:00 часот – почеток на планинарската тура од с.Нежилово до планинарскиот дом Чеплес.

после 4 часа пешачење се пристигнува во ПД Чеплес каде е обезбедено сместувањето и го поминуваме остатокот од денот.

19:00 часот – планирана е групна вечера од страна на организаторите која не е пресметана во цената, за која би требало да чини најмногу 50-60 денари.

Втор ден (21ви септември)

06:15 часот – Wake up и утринска гимнастика.
07:00 часот – почеток на освојување на врвот.
после 3 часа пешачење низ прекрасната планина на Јакупица пристигнување на врвот,време за уживање во прекрасната глетка, и полека спуштање кон ПД Чеплес.
14:30 часот – спуштање по истата патека до с.Нежилово и со организираниот превоз до Железничка станица Богомила.
18:35 часот – тргнување за Прилеп со воз.
19:25часот – пристигнување во Железничка станица Прилеп , и толку од нас,
а на Вас останува да бидете дел од оваа планинарска тура , Ве очекуваме ! ! !

Цената на оваа тура чини само 350 денари. Во цената е вклучен превозот од ЖС Богомила до с.Нежилово, и сместување во ПД Чеплес. Доплатата за вечерата ќе биде пред почетокот на турата. Во цената не е вклучен превозот со воз од Прилеп до Богомила поради следниве причини: 20ти и 21ви Септември е трет викенд од месецот,и е бесплатен за лицата од 18 до 27 години , треба само да си доплатат 50 денари за резервација, лицата под 18 и над 27 години ќе треба да си обезбедат сами карти за воз.

НАПОМЕНИ:
Потребна е опрема за есенски услови и висопланинско планинарење.Движењето е по строга обележана патека. Се молат сите учесници да не се одвојуваат од колоната (маркираната патека) Се молат сите учесници да не оставаат отпадоци во природата, Да ја оставиме природата чиста,онакова каква што не примила, величенствена и прекрасна! Секој учесник сам одговара за своите психофизички можности, здравствена состојба и безбедност.

Учесниците во планинарската тура потребно да си носат со себе:

– чевли : по можност над глуждови (гузерици)
-облека што ќе штити од дожд, ветар и сонце
-капа, очила и ракавици
-планинарски ранец.
-лесна храна за 2 појадоци и 2 ручеци (препорачливо е житарки, суво овошје, конзервирана храна, течности….)

Информации и пријавување во просториите на Фитнес студио “Енерџи” и Енерџи Шоп.

контакт за информации:
048-42 35 35-Енерџи
075 208 102- Филип
076 579 870- Мане

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија