Планинарска Ориентација – Водно – Прво Коло

Датум на почеток:

04.08.2017

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Натпревар во Планинарска Ориентација претставува организиран натпревар во кој треба да се истакнат достигнувањата, знаењата и вештинте за брза и успешена Ориентација, движење и снаоѓање во просторот на непознат ридест или планински терен, преку употреба на топографска карта и компас од страна на натпреварувачите.

Првото коло во Планинарска Ориентација е во организација на ДПС Трансверзалец- Скопје, поддржани од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (ФПСМ) и во него учество можат да земат екипи од сите планинарски клубови/друштва од Република Македонија кои треба да се пријават до 03.04.2017 год.

Информации и пријавување:
ФПСМ
Данче 02/3165 540 070/350 342 ,
Душко 070/317 740 и на меил – [email protected] [email protected]

За време на натпреварувањето забрането е користење на ГПС уреди и електронски системи.

1.Натпреварувачки тимови
a) Натпреварувачките тимови треба да бидат членови на планинарски клубови/друштва со платена чланарина за 2017год.
Секој натпреварувачки тим има 3 члена
b) Секој тим е обврзан, за време на натпреварувањето да има ранец, прва помош комплет, валиден документ за планинарско членство, прибор и опрема за решавање на задачите. Ако организаторорот подготви натпревар со разделување на членовите од секој тим, секој член од тимот треба да ги има сите наведени предмети
c) Сите членови од натпреварувачкиот тим мора да бидат членови од ист клуб/друштво
d) ТРОШОЦИ за секој тим :
-еден пансион во пл.дом Врв Водно на сметка на ФПСМ ,
Поради ограничен капацитет за ноќевање во пл.дом, натпреварувачите да понесат вреќи за спиење и лежалки.
-превоз до Скопје ( Водно) и назад на сметка на тимовите
e) Сите членови на секој натпреварувачки тим припаѓаат на иста возрасна и полова категорија
f) Секој клуб може да биде претставуван од максимум 2 тима/категорија и при евалуација на резултатите ќе биде земен во предвид тимот со подобар резултат

2. Натпреварувачки категории
Категорија Година раѓање
(за тековна година) Години
Пионери (м/ж) 2002 до 2004 До 15 год
Јуниори (м/ж) 1996 до 2001 Помеѓу 16 и 21
Сениори (м/ж) 1972 до 1995 Помеѓу 22 и 45
Ветерани (м/ж) 1952 до 1971 Над 46

3.Натпреварувачкa Жири комисија
Жирито се состои од 5 члена кои се избираат пред старт.
Жирито ги решава сите забелешки пред да ги донесе во пишана форма

4. Натпреварувачка Мапа
За натпреварот во Планинарска Ориентација ќе бидат користени мапи размер
1: 25.000 со еквидистанца од 10 м.

5.Контролни точки
Контролни точки (CP) мора да бидат означени со црвено/бело, тространи призми (30 cm x 30 cm) на кои има закачено перфоратор или станица од SI системот. Видливоста на точките од теоретски очекувана далечина треба да бидат помеѓу 20 и 50 м.

6.Должина на патеки
Пионерки (F) ………………………………………………до 3км воздушна линија
Пионери (М) ……………………………………………..до 4км воздушна линија
Јуниорки (F)………………………………………………..од 5 до 8 км воздушна линија
Јуниори (М)………………………………………………од 6 до 8 км воздушна линија
Сениорки (F)………………………………….. од 9 до 12 км воздушна линија
Сениори(М)……………………………………………… од 10 до 12 км воздушна линија
Ветеранки (F)………………………………………………од 5 до 8 км воздушна линија
Ветерани(М)………………………………………………од 6 до 9 км воздушна линија

7.Старт
Натпреварувачките тимови стартуваат во временска разлика од 5 до 10 мин
Два натпреварувачки тима од ист клуб/одред неможе да стартуваат едно по друго. Редоследот на стартот на тимовите ќе биде одреден преку влечење на стартни броеви.

8. Задачи на натпреварувачите
Задачите на натпреварувачите можат да бидат алтернативни:
• Неколку КТ може да бидат нацртани на мапата, а за некои недефинирани КТ, задачата ќе се добијат на Контролна точка (CP)
• Задачата може да биде зададена надвор од мапата
• Задачите се решаваат и Контролните точки се детерминираат според стандардните методи во топографијата (пресек на координатите, напречен пресек на 2 азимути. Напречен пресек на азимут и координати) за еден дел од патеки

Во задачите е вклучено:
-Тест за прва помош
-планинарство
-планинарски вештини
Тестот се содржи од 3 прашања за секоја дисциплина.
Пионерите не треба да решаваат тестови.

9. Локација на натпреварот
– Водно Скопје

10. Датум на одржување на натпреварот
– 08- 09.04.2017

Програма:
– 06.04.2017 Четврток
Влечење стартни броеви во 20,оо часот

– 08.04.2017 Сабота
Старт во Даре Бомбол-Црвен крст 11,оо часот
Решавање задачи 18,oo до 19,oo часот
Вечера 19.3o до 20.3o часот

– 09.04.2017 Недела
– Доручек 7.3o до 8.3o часот
Старт план.дом Врв Водно во 9,3о часот
Прогласување на резултати 14.3o часот
Ручек 15,оо часот
Затварање на натптреварот 16.oo часот

Автор

Дејан

Скопје

Македонија