Пирамида и Три Манастира

Датум на почеток:

11.01.2015

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги планинари/рки,

На 1-ви Ноември 2015 година, недела, Планинарско Друштво „Куманово” ја организира својата традиционална планинарска акција „Пирамида и Три Манастира”.
Целта на акцијата е промовирање на овој дел од Кумановскиот крај што гравитира према Свети Николе, а посебно „Пирамидата”, според некои и вистинска пирамида, слична на Босанските пирамиди кај Високо.

Патеката почнува од селото Градиште, манастирот „Св.Ѓорѓи”, со висинска точка од 800 метри и се движи по шума до манастирот „Св.Петка” во селото Габреш, каде се прави пауза од половина час.Од тука патеката се качува до блокот Островица и на врвот на пирамидата, со висинска точка од 600 метри.
Од Пирамидата се спушта и се оди низ село Колицко до селото Скачковце, до манастирот „Св.Троица”.

Патеката е долга 18 километри, средно тешка, но поради должината бара добра физичка подготвеност.
Времето потребно за поминување на патеката е 5-6 часа. Исто така, на стазата ќе има и водичи од клубот, и секој сам си одговара за своите постапки.
Место на собирање на учесниците е паркингот пред кафеаната „Жмара”.
Време на поаѓање на автобусите за село Градиште е во 7.00 часот.
Организаторот ќе се потруди да обезбеди бесплатен превоз до и од село Градиште, за што учесниците ќе бидат благовремено известени.
Организаторот обезбедува и ручек – традиционалното планинарско гравче, кое ќе се дава во манастирот „Св.Троица”.Секој учесник треба да носи прибор за јадење.

Организаторот го задржува правото за промени.

За сите што доаѓаат со сопствен превоз – од Куманово до с. Градиште (почетна точна) има 18.5 км, а од Куманово до с. Скачковце (завршна точка) има 14 км.

Краен рок за пријавување е 30-ти Октомври 2015, на телефоните:
077 572 098 – Стојанче Стефановски
077 884 975 – Бобан Нортмен, или во инбокс на профилот на друштвото.
Информации и детали за акцијата на горенаведените броеви.

Напомена:

Секој учесник е должен да ги почитува правата и насоките на организаторот или водичите, во спротивно сам е одговорен за своите постапки. Организаторот или водичите имаат право да исклучат учесник поради своите постапки или пак постапките кои се косат со правилата на организаторот или водичите, планинарските правила и планинарската етика, или пак поради недолично однесување.

Исто така, организаторот го задржуваат правото за измена на датумот за акцијата поради несоодветни временски услови или други причини.

Планинарски поздрав,
П.Д. „Куманово”

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија