Петти традиционален планинарски поход на ПСК Скопска црна гора
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
05:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Почитувани,
На 23.04.2017 г (недела) во организација на Планинарско спортскиот клуб Скопска Црна Гора од Скопје, ќе се одржи петтиот по ред Традиционален планинарски поход на Скопска Црна Гора.
ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ
За сите учесници задолжително е пријавување на следниот мејл [email protected] најдоцна до 20.04.2017 година, каде треба да го назначите следново: Име и презиме, за кој поход се пријавувате (спортско планинарски поход, рекреативен планинарски поход или кампување во шатори кај Спирова колиба).
За секој учесник се наплатува по 150,00 ден. учесничка такса (освен за кампување каде се доаѓа со сопствен превоз или локален автобус) во која е вклучен превоз на учесникот во два правци и ручек (гравче). Се повикува секој учесник да понесе сопствен прибор за јадење.
Се повикуваат планинарските клубови да пријават список со број на учесници на горенаведениот мејл.
Место на поаѓање за двата походи е Пошта 2, кај новата железничка станица.
Време на поаѓање за спортско планинарски поход:
пријавување по списоци 7.00 – 7.30ч.
поаѓање на автобуси 7.30ч до с. Љубанци
планирано време на враќање 18.00ч. во Скопје
Време на поаѓање за рекреативен планинарски поход:
пријавување по списоци 8.00 – 8.30ч.
поаѓање на автобуси 8.30ч. до с. Бродец
планирано време на враќање 18.00ч. во Скопје
Време на поаѓање за кампување кај Спирова колиба(Сабота 22.04.2017г):
планирано време на поаѓање(Сабота 22.04.2017г) 12.00 с.Побожје
планирано време на враќање(Недела 23.04.2017г) 18.00ч. во с.Побожје (автобус бр.61 има во 18.10ч)
Во продолжение детално инфо за секој поход поединечно.
СПОРТСКО ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД
с. Љубанци-патека костените – врв Црн камен 1585 мнв – Спирова колиба 1490 мнв – Спирова патека – с.Бродец – с.Побожје
Тргнување од с. Љубанци: 8.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување на врв Црн камен : 12.00ч
Поаѓање од с.Побожје за Скопје : 17.30ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова железничка): 18.00ч.
Инфо околу патеката и упатства за учесниците
Патеката е долга 20км. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот, односно да биде пренасочен на рекреативниот поход.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.
– исхрана: ручек од организаторот, гравче (секој учесник носи свој прибор за јадење)
– дополнителни потреби од ранец, секој самостојно
– планирано време за походот 8 часа
– време на активно движење 6 часа
– активно време на искачување 4 часа
– активно време на спуштање 2 часа
– разлика во денивелација 950 мнв
– почетна позиција 660 мнв
– највисока позиција 1585 мнв
Водичи: Ѓорѓи Петровски и Дарко Трајковски
Контакт: Ѓорѓи Петровски (070 230 526)
Дарко Трајковски (076 274 742)
РЕКРЕАТИВЕН ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД
с. Бродец – Спирова колиба – с.Бродец
Тргнување од с. Бродец: 9.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување кај Спирова колиба: 12.00ч.
Поаѓање од с.Бродец : 17.00ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова железничка): 18.00ч.
Инфо околу патеката
Патеката е долга 8 км. Наменета е за деца и за возрасни кои имаат почетна физичка кондиција. Според тоа, одбрана е лесна и прегледна патека, без стрмни угорнини. За малолетни учесници (под 14 години) задолжително е присуство на родител.
Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.
– исхрана: ручек од организаторот, гравче (секој учесник носи свој прибор за јадење)
– дополнителни потреби од ранец, секој самостојно
– планирано време за походот 7 часа
– време на активно движење 5 часа
– активно време на искачување 3 часа
– активно време на спуштање 2 часа
– разлика во денивелација 510 мнв
– почетна позиција 980 мнв
– највисока позиција 1490 мнв
Водичи: Драгутин Малиш и Бојана Дражиќ
Контакт: Драгутин Малиш (070 870 723)
КАМПУВАЊЕ ВО ШАТОРИ КАЈ СПИРОВА КОЛИБА(Сабота 22.04.2017г)
с.Побожје – с.Бродец – Спирова Колиба(поставување на камп и преноќување)
Тргнување од с.Побожје(последна станица на автобус бр.61): 12.00ч (пристигнување со сопствени возила или со градскиот автобус на ЈСП со бр.61 кој тргнува во 11:10ч од транспортен центар)
Попатни паузи
Пристигнување кај Спирова колиба 16.00ч
Поставување на шаторите за преноќување
Вечерно камп дружење
Можност за сабота(ноќно)/недела(сабајле) искачување на околните врвови Пржар(1625м) и/или Црн Камен(1585м) во договор со водичот
Недела(23.04.2017г) кај колибата ке може да се земе гравче по цена од 50,00 ден. во 13.00ч ги собираме шаторите и се приклучуваме со другите два походи
Потребна кампинг опрема:
-Шатор
-Вреќа за спиење(за температура под 0 степени целзиусови)
-Изомат(постилач, односно подлога за под вреќата за спиење)
-Челна ламба или рачна светилка
-Потопла облека(со оглед на тоа што ке се кампува на 1490 мнв температурите ноќе можат да се спуштат и до 0 степени целзиусови)
-Храна и пијалоци за 2 дена
-Дополнителна опрема во зависност од своите потреби
-Се тоа спакувано во соодветен ранец 🙂
Инфо околу патеката
Патеката е долга 16км. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот. За малолетни учесници (под 18 години) задолжително е присуство на родител.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.
Водич: Филип Симоновски
Контакт: Филип Симоновски (071 950 783)
Генерални упатства:
Секој поход има свои водичи од почеток до крај на турата. Секој кој смета дека е физички кондиционо подготвен и има намера да се издвои од групата, сам ќе ги сноси последиците од евентуалните повреди настанати поради не придржување до советите и ритамот на движење наметнат од водичите.
За детални општи и конкретни информации, слободно обратете се на некој од долунаведените лица, кои се официјални преставници на клубот:
– Ѓорѓи Петровски 070 230 526
– Дарко Трајковски 076 274 742
– Драгутин Малиш 070 870 723
Напомена: Понесете планинарска книшка за печат од врв Црн камен .
Веб страна на Клубот
www.pskscg.mk
ФБ страна на Клубот
https://www.facebook.com/pkskopska.crnagora.5
Со почит,
Планинарско спортски клуб
Скопска Црна Гора
Скопје
Претседател
Ѓорѓи Петровски