ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ПОНИКВА – ЦАРЕВ ВРВ

Датум на почеток:

07.12.2014

Време на почеток:

05:10

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани:

Ве покануваме да ни се придружите на нашиот ПЕТРОВДЕНСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ПОНИКВА – ЦАРЕВ ВРВ

Почетокот на патеката е од паркингот на ЗСРЦ „Пониква“ се искачува до Царев Врв (Султан Тепе) и завршува на паркингот на ЗСРЦ „Пониква“. Најниската точка (старт) е на 1580м надморска височина, а највисоката точка е на 2085м. Вкупната должина на патеката е 31 км, од кои 16км (500м) искачување и 15км (500м) спуштање.

Патеката во главно се протега по планинското било над шумската граница при што се поминува и покрај Трканска мандра (бачило) на 1550м. Подрачјето низ кое поминува патеката е исклучително богато со печурки, шумски плодови и лековити растенија. На самиот врв (Царев Врв) се наоѓаат две напуштени воени згради, а од врвот се отвора видик кон планините Рила и Пирин во Бугарија, врвот Руен и сите повисоки врвови во Република Македонија.

Старт: 12.07.2014година ( сабота ) во 07.00 часот

Патеката вообичаено се поминува за 4 часа во еден правец

За сите учесници е обезбеден традиционален планинарски ручек. Секој да си понесе прибор за јадење. Клубот има обезбедено превоз до Пониква. Поаѓање од градскиот плоштад во Кочани во 05.45 часот.

Пријавете го вашето учество заради подобра организација!

Претседател: Александар Крстов – Тел: 078 / 840 – 616
Секретар: Марија Танчева – Тел: 078 / 841 – 110

E-mail: [email protected]
www.psdosogovo.webs.com

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија