Отворена еднодневна акција со искачување на врвот Руен 2252 м.н.в.

Датум на почеток:

07.05.2015

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Отворена еднодневна акција и искачување на врвот Руен 2252 м.н.в., 5 јули 2015

ПК Македон се приклучува на традиционалната планинарска акција – Искачување на највисокиот врв во Источна Македонија и на осоговието Руен – “РУЕН 2015” во организација на ПСК “РУЕН” од Крива Паланка и ТД “ОСОГОВО” од Ќустендил. Акцијата ќе се одржи во недела на 05. 07. 2015.
Турата започнува од месноста – “Стара машинска” кај рудникот за олово и цинк “Тораница” (Крива Паланка) во 7:30. Турата е средно тешка и до врвот Руен 2252 метри е во траење од 3 часа (во зависност од спремноста на групата). Бидејќи движењето е во пограничен реон, колоната е организирана и задолжително се оди по упатствата на планинарските водичи. Отворањето на средбата на врвот Руен е во 11:00 часот. За планинари со повеќе кондиција постои опција да се искачи и врвот Царев врв, вториот највисок врв на Осоговијата.

Облеката да е прилагодена за пешачење и на дејство од променливи метеоролошки услови – дожд и ветер. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради променливо време. Исхрана од ранец. Секоја учесник сам си одговара за својата психофизичка подготвеност или водичот на една определена група, за групата.

Пријавувањето за турата задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 3 јули 2015. Резервацијата на место е ИСКЛУЧИВО со уплаќање. Доколку не се потврди учеството до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 500 денари.

Поаѓањето е во 5:30 ч. од паркингот на Веро тафталиџе (втора станица паркингот кај главна Пошта/железничка), а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до рудникот Тораница (Крива Паланка). Бројот на местата се ограничени.

* * *
Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија