Отворена еднодневна акција на врвот Меденица 2163 м.н.в.

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК Македон организира

Отворена еднодневна акција на врвот Меденица 2163 м.н.в.
15 ноември 2015

Турата започнува од Галички пат, поточно од месноста Тонивода (после Царевец), кај првото бачило, од каде започнува искачувањето кое е во траење од 3 часа (во зависност од спремноста на групата). Турата е кружна и по искачувањето на врвот Меденица со своите 2163 м.н.в., групата се враќа кон јужната страна преку Говедарник и Галичник (каде не чека превозот). Во Галичник исто така ќе се направи прошетка и ќе се помине дел од денот за да се искусат убавините, околината и архитектурата на најпознатото Мијачко село. Оние кои нема да сакаат да го качат врвот постои опција со превозот да дојдат директно во селото и да ја чекаат групата тука уживајќи во Галичник.

Меденица е највисокиот врв на планината Бистра и се наоѓа во централниот дел на висорамнината со што нуди панорама од 360˚. Погледот од врвот е прекрасен, опфаќајќи голем дел од западната трансферзала, вклучувајќи го Кораб на северозапад, Мавровското езеро на север директно пред вас, врвовите Сандакташ, Веливрв и остатокот од Бистра на исток, Лазарополе, Соколица на југоисток, а по нив Стогово, тука е и планината Дешат, а кон југ убаво се гледа Дебарското езеро. По пат ќе се искусат и местата Царевец, Тонивода, Галички пат и секако селото Галичник.

Турата не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел и искачување на врвот по стрмен дел. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради променливо време, силен ветар и ниски температури (иако прогнозата за недела е сончева), а од храна лесна храна/овошје. Вода по патот нема (дури во Галичник).

Поаѓањето е во 6,30 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до. Бројот на местата се ограничени.

Пријавувањето задолжително се извршува на телефон 072 24 39 39 или e-mail на [email protected]. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до петок 13 ноември 2015. Резервацијата на место е исклучиво со уплаќање. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 560 денари.

* * *

НАПОМЕНА: Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Учесници можат да бидат планинари/ки кои имаат доволно кондиција и физичка спремност. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. ПК Македон обезбедува свои водичи на турата. Други планинарски друштва кои се приклучуваат на турата се должни да обезбедат свој водач. Задолжително е пријавувањето и за оние кој доаѓаат со свој превоз. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија