Отворена еднодневна акција на врвот Љуботен 2499 м.н.в.

Датум на почеток:

11.01.2015

Време на почеток:

05:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на врвот Љуботен 2499 м.н.в.
1 ноември 2015

Турата започнува од с. Старо село (900 м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом Љуботен. Првата кратка пауза е кај домот по 1,5-2 часа пешачење по макадам, од каде се продолжува до врвот.

Турата не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дел и искачување на врвот. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради променливо време, а од храна лесна храна/овошје. Вода може да се наполни во Старо село и во домот (од домот до врвот нема чешми).

Поаѓањето е во 6,30 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село.

Пријавувањето задолжително се извршува на e-mail на [email protected]. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до четврток 30 октомври 2015. Резервацијата на место е исклучиво со уплаќање. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 450 денари.

* * *

Важни напомени:

Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Учесници можат да бидат планинари/ки кои имаат доволно кондиција и физичка спремност. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. ПК Македон обезбедува свои водичи на турата. Други планинарски друштва кои се приклучуваат на турата се должни да обезбедат свој водач. Задолжително е пријавувањето и за оние кој доаѓаат со свој превоз. Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија