Отворена еднодневна акција на Боговињско езеро (1936m), Шара

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК Македон организира
Отворена еднодневна акција на Боговињско езеро, Шара
19 јули 2015

Најпрвин се поминува низ селото Боговиње, па низ Ново село каде се оставаат комбињата и од каде започнува турата. Се оди по макадам, а потоа покрај браната и покрај Боговињска река благо се искачува низ живописен и буен пејзаж. Потоа патеката продолжува низ раскошните падини на Шара се до бачилото каде може да се дегустира автентично шарско овчо сирење. По кратко искачување пристигнуваме до езерото (1936m) каде остатокот од денот ќе се помине во дружба и уживање. Турата е лесна, во траење од 2 – 2,5 часа и спаѓа во категоријата ливадарење 🙂

Оние кои не ги држи место и имаат вишок енергија за трошење, додека другите уживаат во Шарските пејзажи, може да го искачат и врвот Бориславец 2675 м.н.в., еден од најмоќните врвови на Шара! Се искачува директно над езерото по стрмна падина. Турата е тешка и бара 2 до 3 часови интензивно искачување (во зависност од темпото). Погледот од врвот е спектакуларен од каде се гледаат Црно езеро, врвот Рудока, Големиот турчин…

Од опрема задолжително да се понесат планинарски обувки, јакна/кабаница поради можност за променливо време и ветар, капа и крем за заштита од сонце, но и влечки за на плажа, купаќи и стапови за ловење риба. По патот ќе се изведуваат кратки паузи. Вода има на многу места во селото и по патот.

Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Ново село. Бројот на местата се ограничени. Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до четврток 16 јули 2015. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 400 денари.

* * *

Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или за ентузијасти или планинари кои не се членови на планинарско друштво. Организаторот го задржува правото да направи промени на турата.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија