Обуки за Ориентација во просторот
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
18:30
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Во текот на Февруари и Март месец 2017 година ДПС Трансверзалец ќе организира Обуки за ориентација во просторот.
Обуките ќе бидат реализирани преку 4 теоретски предавања и 2 практични вежби на терен.
Теоретските предавање ќе се одвиваат во следните термини:
• 16.02.2017
• 23.02.2017
• 02.03.2017
• 09.03.2017
во време од 19.30 до 20.30 часот во просториите на ДПС Трансверзалец- Студентски парламент пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.
По завршувањето на теоретските обуки предвидено е одржување на 2 практични часа во природа во Градски Парк и на Водно со користење на топографски карти изработени од ДПС Трансверзалец.
Практичните часови ќе бидат одржани во следните термини:
• 11.03.2017 Градски Парк
• 18.03.2017 Водно
Напомена: практичниот дел од обуките ќе биде координиран според можностите на учесниците
Обуката ќе опфати изучување на темите:
Што претставува Ориентација во просторот
Начини на ориентација во просторот
Ориентирање со топографска карта и користење на бусола(компас)
Што значи Азимут
Ориентирање со помош небесни тела, предмети и знаци на земјиштето
Видови на ориентација
Спортска ориентација и типови на натпревари
GPS навигација
Обуките овозможуваат теоретско и практично знаење за Ориентирањето во просторот.
На сите учесници во обуките ќе им биде овозможено да земат учество во годишната лига на спортка ориентација и лига на планинарска ориентација – учество на натпревари во Р. Македонија и странство.
Обуката ќе биде водена од лиценцирани предавачи за ориентација.
Цена на обуката изнесува 1000 ден. ( во цената се вклучени материјалите за обука, топографски карти и материјали за ориентација).
За членови на ДПС Трансверзалец со платена чланарина за 2017 год. цена на обуката изнесува 500 ден.
Обуката ќе се одржи доколку се пријават минимум 5 учесници. Доколку има пријавено повеќе од 20 учесници организаторот ќе ги подели во 2 или повеќе групи во различни термини.
Пријавување и информации за обуката најдоцна до 14.02.2017год. на телефоните:
070/367 -372, 070/641-998