Нова Година на Водно
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
21:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Добредојден е секој што има расположение токму за новогодишната вечер да се искачи на врвот на Водно и да ја дочека Новата Година на поубав воздух, а богами и видик. Нашата екипа ќе тргне во 22:00 од Средно Водно, а горе, на отворено, со убаво винце ќе си го прославиме дочекот на Новата Година и ќе уживаме во огнометот. Во зависност од временските услови и расположението ќе биде одлучено враќањето 🙂
Првите десет души што ќе го прифатат овој предизвик, ќе се пријават на подолниот мејл и ќе се појават на врвот за да прослават со нас ќе бидат дополнително наградени со фин пакет на производи од Алгасан, чисто за наредниот ден да си ги измасираме и релаксираме мускулите за лесен и активен почеток на новата година.
Секој што сака може да се придружи, единствено ќе треба да се пријави со име, презиме и телефонски број за контакт на мејлот [email protected] до 12:00 часот на пладне на 31.12.2014 и ќе има обврска да не доцни на стартното место (инаку ќе си оди сам).
Потребно е секој да носи соодветна облека и опрема за на планина во зима и секој доаѓа на малата авантура на сопствена одговорност. Пијачка и мезе се од ранец (планинарски вокабулар) т.е. ќе биде потребно да си донесете сами.
Ве очекуваме на убава дружба.