Наслов

Меморијален марш „Филип Чакаров - човекот планина“
Локација: 
Планинарски дом Караџица
Држава: 
Македонија
Датум: 
Сабота, 21 Октомври, 2017 - 05:00

Контакт

На денот на навршување на една година од прерано згаснатиот живот на нашиот другар Филип Чакаров, ќе се одржи меморијален марш во негова чест. Ги покануваме сите кои го сакаа и почитуваа да му оддадат почит со тоа што ќе земат учество во маршот.

Технички податоци:
Маршот ќе содржи две рути:

- Тешка:
Се поаѓа од локалитетот Три Круши во Драчево кон врвот Китка преку село Вртекица. Од врвот Китка, групата се упатува кон Преслап, од каде преку Кадина Река и село Алдинци се стигнува до крајната дестинација, Планинарски дом - Караџица. Оваа рута се категоризира како тешка и е за учесници со многу добра кондициска подготвеност.
Рутата е со должина од 25км, при што се совладува висинска разлика од приближно 2000 метри.

- Лесна:
Се поаѓа со превоз од дрварата во Драчево кој ги носи учесниците до Преслап, каде што оваа група се спојува со групата која учествува во тешката рута. Оваа рута е од лесен карактер. Рутата е со должина од 8км, при што се совладува висинска разлика од 600метри.

Маршот е предвиден како дводневен, но и со опција за враќање истиот ден.

Сите останати детали, како и начинот на пријавување ќе бидат објавени наскоро.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.