Наслов

Меденица - Карбула - Галичник
Локација: 
Бистра
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 19 Ноември, 2017 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата Бистра ( Маврово ) со врвовите Меденица 2163мнв и Карбула 2148мнв со крај во селото Галичник.
На врвот ќе имаме фото сесија и повеќе добри фотографи за добри фотки.

ОПИС НА ТУРАТА
- Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на ова печење е дружбата и уживањето.
- Турата е 14,4 км со елевација од 956 метри, што ја става во лесни тури. ( Водно ипол )
- Има опција за оние кои ќе сакаат да останат на Меденица и од таму да се спуштат до Галичник со што двојно ќе го скратат патот за планинарење. Глетките ќе бидат фантастични за сликање, особено погледот на Дешат и на Кораб од врвот Карбула.

ПРОГРАМА
- Тргнување Железничка Станица Скопје 06;00 часот
- Пауза Маврови анови
- Стартна позиција, месноста Тони Вода
- Искачување на врвот Меденица 2163 м, траверса до врвот Карбула 2148м и потоа спуштање од другиот крај во Галичник каде ќе не чека превозот.
- Задржување 20-30 мин во кафаната на влез во Галичник
- Тргнување кон Скопје најдоцна 17 часот

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
Превозот е со комбе или мини бус
Цената за патот и платена такса за националниот парк изнесува 599 денари

Турата е во еден правец. Не е препорачлива за со кола.

Плаќање до сабота до 18ти Ноември -15:00 часот кај
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808

ПОАЃАЊЕ И ПОПАТНО СОБИРАЊЕ
Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 06:00 часот
Попатни станици: автобуската станица кај хотел Карпош, Сити мол и автобуската после кружниот тек во Ѓорче Петров, кај СП Планет.

ПОТРЕБНА ОБЛЕКА
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна.

ИСХРАНА
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 1,5 л. суво овошје, сендвичи, електролити

НАПОМЕНА :
** Екипата на I love Hiking group Macedonia не одоговара за тие што се дојдени во сопствена режија. (се мисли надвор од програмата и организацијата)
** Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
** Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки

За овој настан сеуште нема пријавено гости.