Меденица (2.163мнв)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 28 Јануари 2018год. ДПС Трансверзалец организира зимско искачување на врвот Меденица(2.163мнв).

Меденица со 2.163 метри е највисок врв на планината Бистра од каде што се отвора прекрасен пејзаж кон Мавровското Езеро и прекрасниот рекански регион.

Карактеристични точки:
Старт на акцијата: село Јанче (720 мнв)
Попатна точка: село Галиник (1.400 мнв)
Цел на акцијата: врвот Меденица (2.163м)

Зимска акција која започнува од с.Јанче од каде по маркирана патека се пешачи вкупно 2 часа до с. Галичник и уште 2.5 часа од с.Галичник до врвот Меденица.
Патеката спаѓа во категорија Средно напорна зимска копнена акција.

Учесниците на акцијата во зависност од кондицијата и желбата можат опционално да се искачат само до Галичник.

Исхраната е од ранец. Вода да се носи најмаку1.5л.

Еднодневно (28 Јануари 2018 год.)

Поаѓање во 05:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица) Скопје, цена за превоз 600ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Ѓ.Петров/

Пријавување и уплати најдоцна до 26.01.2018 (петок).
Контакт Зоран Костадинов 070/641 – 998

Карти за акцијата може да се набават во Планинарско Друштво Трансверзалец секој ден од 8 до 16 часот, петок од 19 до 21ч. и на состаноци во четврток од 20ч.

НАПОМЕНА:

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
– Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
– Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
– Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија