Меденица 2.163м, Голем Брзовец 2.085 м, Галичка Свадба

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 16 и 17.07.2016 год. ДПС Трансверзалец организира дводневна и еднодневна акција на падините на Бистра и следење на познатата манифестација Галичката свадба.

Галичката свадба или Петровденската Галичка свадба е манифестација која се одржува секоја година на Петровден (12 јули) во селото Галичник на Бистра. Богата е со многу единствени свадбарски обичаи и ритуали. Во деновите на свадбата, пиштат зурлите и ечат тапаните на тешкото, со сиот подземен и надземен екот кон каменот на Бистра и небесниот свод.

16 јули 2016 (сабота) Во 8 – 8.30ч пристигнување во с.Галичник. Од селото акцијата започнува со пешачење до врвот Меденица (2163м), највисоката точка на планината Бистра (вкупно околу 3-4 часа пешачење).
Учесниците кои не сакаат да пешачат можат да уживаат во убавините на Галичник и тековните активности во склоп на Галичката Свадба.
Предвидено е преноќување во шатори на Селска ливада (1.450мнв) која се наоѓа на помалку од 2 километри пред Галичник. Селска Ливада претставува некогашно игралиште на фудбалскиот клуб од Галичник кој бил активен до педесетите години од минатиот век. Подоцна е направено помошно игралиште на асфалт за рекреација на гостите. Во непосредна близина има чешми и неколку изворчиња. Шатори може да обезбеди друштвото за оние кои немаат. Потребно е да понесете вреќа за спиење и изомат.

17 јули 2016 (недела) Во 8 – 8.30ч пристигнување во с.Галичник. Од селото акцијата започнува со пешачење до врвот Голем Брзовец (2.085 мнв). Врвот Голем Брзовец заедно со Ќурков Дол се двата највисоки врвови на централниот дел од Бистра(вкупно околу 7-8 часа пешачење).
Учесниците кои не сакаат да пешачат можат да уживаат во убавините на Галичник и тековните активности во склоп на Галичката Свадба.
Цена за дводневна акција 800ден, цена за еднодневна акција 500 ден.
Акциите ќе се организираат доколку има најмалку 10 пријавени учесници.
Превозот ќе биде организиран со минибуси – комбиња. Поаѓање во сабота и недела е во 6ч. од паркингот на Пошта – Железничка станица Скопје.

НАПОМЕНА: акцијата е од отворен карактер и погодна за сите возрасти. Планинарите кои ќе искачуваат потребна е да имаат соодветна психофизичка подготвеност. Рекреативците кои нема да планинарат можат да уживаат во убавините на Бистра и селото Галичник и да бидат дел од единствената Петровденска Галичка свадба. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. ПОТРЕБНА ОПРЕМА – разгазени пл. кондури или добри патики, долги пантолони, кабаница за дожд, пл. стапчиња, капа за сонце, заштитен фактор—крема, наочари за сонце, облека според временската прогноза, шише со вода. ХРАНАТА Е ОД РАНЕЦ Пријавување и уплата до 14.07.2015 година

Информации: 070/641 -998 Зоран Костадинов

 

Автор

Дејан

Скопје

Македонија