Наслов

Mатка-Водно
Локација: 
Водно
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 15 Октомври, 2017 - 08:45

Контакт

За да ја спасиме неделата и да си ги одржиме тренингот, цврстината и желбата за планинарење, решивме оваа недела дружбата да биде пократка од вообичаено.
Еве тура за сите :)
Тура за запознавање со нови планинари (почетници и планинарски ентузијасти), а вооедно и тренинг за сите кои веќе газат цврсто по планинските масиви и сакаат да останат во топ-форма.
Поради локалните избори оваа недела и големиот интерес на повеќето од нас да гласаат, решивме да направиме една полесна и пократка тура.

Должина на турата е 11 км со вкупна висинска разлика од 864 метри и се оди (во зависност од групата) од 4 до 5 часа.
Собирањето на екипата е по возната линија на автобусот со број 60. Стартната позиција е Железничка Станица- Скопје, каде стојат приградските автобуси.

- Тргнувањето на автобусот со број 60 е во 08:45 часот. Цената на еден билет е 35 денари.
- Имате опција да се спуштите од крстот на Водно до средно Водно со жичарница - билетот чини 50 денари.
- Од средно Водно може да се вратите со автобус до Железничка станица - Скопје за 35 денари.
- Во недела е бесплатно паркирањето возила на паркинзите околу Железничката станица.

ИСХРАНА:
Секој сам си носи храна во ранец , вода 2 л., суво овошје, сендвичи (вода нема по патот, а доколку сакате да купите има дури на врв на Водно)

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
- психофизичка подготвеност за пешачење во есенски услови;
- високи разгазени зимски чевли
- зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер;
- зимски ракавици и капа
- облекување во слоеви.

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
 
 
2
 
 
4
 
5
 
 
7
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
19
 
20
 
 
 
 
 
 
 
 
28
 
29
 
30
 
31
 
 
 
 
 
 

На Facebook