Манастир Св.Преображение с.Зрзе – планинарски дом Стровија
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
05:30
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Турата започнува од железничката станица во Скопје. Учесниците на турата треба да бидат на железничката станица во Скопје најкасно во 6.15ч. Возот тргнува околу 6.30ч. а станица на симнување е с. Слепче (пред Прилеп). Од станицата на симнување постојат две можни рути:
Пешачка патека бр.1
Започнува од с.Рилево, до ова село се оди со минибуси, 6.5 км од железничката станица с.Слепче. Од с.Рилево се оди 2 и пол часа пеш до Манастирот Зрзе. Кај манастирот Зрзе се прави пауза и посета на манастирот.
Пешачка патека бр.2
Започнува од с.Зрзе, до ова село се оди со минибуси, 8 км од железничката станица с.Слепче. Од селото до манастирот Зрзе се пешачи 30 мин. Кај манастирот Зрзе се прави пауза и посета на манастирот.
Учесниците од Пешачка патека бр.1 и бр.2 се среќаваат во Манастирот Зрзе. Потоа од манастирот Зрзе преку с.Маргари и с.Долгаец се пешачи до планинарскиот дом Стровија вкупно 3 и пол часа. Во планинарскиот дом Стровија има обезбедено ручек гравче, салата, ракија, по цена од 100 денари, се плаќа во домот. Во планинарскиот дом Стровија е предвиден ручек пауза и дружење на учесниците.
Од планинарскиот дом Стровија се пешачи уште 1 час до с.Гостиражни каде на железничката станица се качува на возот за Скопје во 19 часот.
Цена на турата: 700 денари. Вклучува повратен железнички билет, превоз со минибус за Пешачка патека бр.1 или Пешачка патека бр.2, ручек во планинарски дом Стровија. Доколку има заинтересирани можен е и превоз со минибус од манастир Зрзе до планинарскиот дом Стровија – со доплата 150 ден.
Должина на патеките:
Пешачка патека бр.1 приближно 22 км;
Пешачка патека бр.2 приближно 17 км
Опрема: задолжитено разгазени планинарски чевли, кабаница;
храната е од ранец.
Пријавување и информации најдоцна до 13.03.2015 год.:
070/641-998, 3223-024